Екипата на Телма дојде на одлагалиштето во РЕК Битола точно еден месец по вонредниот надзор на инспекторатот за животна средина кога беа затекнати огромни количини непокриена отровна пепел која ветрот ја разнесуваше низ Пелагонија. Но, сега купиштата пепел се покриени, а онаа која доаѓа преку транспортната лента долга 4 километри, се прска со вода и адитиви против подигање на прашина, а машината ја истура во касета и се посипува со земја.
Во зависност од тоа колку блокови работат, од 2000 до 5000 тони пепел дневно се одлагаат на оваа депонија. По налог на инспекторатот за само еден месец непрописно одложената пепел се затрупа со земја, а пред неколку дена ставен е во функција и системот за влажнење, кој не работел поради недостиг на механизација и работна сила.
View this post on Instagram