Девојчињата веруваат дека можат да бидат сè што ќе посакаат, но дали светот верува?
Проектот на „Барби“, Јазот во соништата (Barbie Dream Gap) е глобална мисија посветена на затворање на јазот со предизвикување на родовите стереотипи и развивање на свеста за отстранување на предрасудите што ги спречуваат девојчињата да го достигнат својот целосен потенцијал. Јазот во соништата е просторот помеѓу бујната имагинативна амбиција на младите девојчиња и нивниот целосен потенцијал – попречен не затоа што не се способни, туку поради предрасудите кои им ги наметнува општеството во кое растат.
Свесните и несвесните предрасуди и стеретотипи уште од мали нозе ги минимизираат нивните соништа. Иако проектот е од 2019 година, јазот во соништата за младите девојки сè уште постои, но предизвиците не лежат во девојчињата кои немаат самодоверба или желба – јазот често се појавува поради светот околу нив. И покрај тоа што е постигнат напредок кон родовата еднаквост, стереотипите и општествените предрасуди сè уште можат да влијаат на патот на девојчињата и на идните избори.
Ајде да зборуваме за јазот во соништата.
Што е тоа?
Тоа е јазот што се создава помеѓу девојчињата и нивниот целосен потенцијал. Уште од петгодишна возраст девојчињата престануваат да веруваат дека можат да бидат претседатели, научници, астронаути, големи мислители, инженери, директори. И листата продолжува, но зошто?
Бидејќи во што друго би верувале, кога до 7 годишна возраст поверојатно е да мислиме дека момчињата се попаметни од нас. Тоа е смешно.
Кога три пати помалку е веројатно дека ќе добиеме играчка поврзана со наука. Тоа е тажно. И кога e двијно поверојатно дека нашите родители ќе гуглаат „Дали мојот син е надарен?“, отколку „Дали мојата ќерка е надарена?“. Тоа не е кул. Потребно е да гледаме неверојатни жени, како стануваат неверојатни и да гледаме како стигнале таму каде што се. Да се замислуваме себе како го правиме тоа што тие го прават. Но не можеме да го правиме тоа сами. Мајки, татковци, браќа и директори, потребни сте ни сите вие да помогнете. Мораме да го затвориме јазот на соништата. Тоа зависи од сите нас.