На церемонија во Пјонгјанг, по повод годишнината од потпишувањето на договорот за соработка меѓу Русија и Северна Кореја, беа прикажани фотографии од Ким како се поклонува пред ковчези покриени со национални знамиња. Присутни беа и руски војници, а дел од снимките покажуваат заедничко фотографирање со севернокорејски сили.
Не е јасно кога точно се одржала церемонијата на враќање на останките.Иако Пјонгјанг со месеци негираше дека испратил војници, аналитичарите сметаат дека сега режимот сака да го претстави нивното учество како херојско.
„Северна Кореја веројатно се обидува да ги вметне загинатите во победнички наратив“, изјави Хонг Мин од Корејскиот институт за национално обединување.
Ова е првпат државните медиуми да објават снимки од севернокорејски војници распоредени во рускиот регион Курск. Рускиот претседател Владимир Путин го потврди нивното присуство во април.Според проценки од јужнокорејските разузнавачки служби, околу 15.000 севернокорејски војници се испратени во Русија. Загинале најмалку 600, а вкупниот број на жртви изнесува околу 4.700. Се очекуваат нови распоредувања летово, но засега нема конкретни потврди.