Се проверува и дали податоците во системот за прием и системот за производство на енергија во ТЕЦ Неготино имаат исти податоци за количината на доставениот мазут од РКМ. Обвинителството добило инсајдерски информации дека на приемот се додавале количини на пристигнат мазут за да се покрие зделката, а во проивзодството се пуштало помалку гориво- бидејќи не било ниту доставено. КОД во претходните истражувања веќе објавуваше и проценка дека количината на произведена струја е помала од она што треба да се добие од купениот мазут.
View this post on Instagram