7.8 C
Скопје
02/03/2025 09:42
МАКТЕЛ

    

(ВИДЕО) Контраспин: Бадемово млеко за пратеничката Петровска, срамот за министерката Димитриеска-Кочоска

      

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочовска на седницата за пратенички прашања ја изврте вистината и ја навреди поранешната министерка за одбрана, пратеничка од редовите на СДСМ Славјанка Петровска. Таа видно изнервирана од собраниската говорница налутено ѝ се обрати на Петровска: 

Спин: Пратеничке Славјанка Петровска, не можам да ве кажам почитувана. За да кажам почитувана, треба да ја заслужите мојата почит… Е бидејќи се однесувате така како што се однесувате од овој момент и таа минимум почит ја немам.. Врз основа на што вие ги ставате в уста мајките што имаат деца и како знаете вие едно повеќечлено семејство колку треба да троши? Јас сум мајка на два сина и многу добро знам колку треба да троши едно четиричлено семејство. И чисто вака да ви укажам да проверите на Државниот завод за статистика, согласно последниот попис што вие го направивте, во Македонија просечно е тричлено семејство, а не четири. Во однос на грашокот, и јас сакам да купам од конзерва, ама не сум сама, четири члена сме и мора да одиме во еден од најевтините маркети и да купиме замрзнат грашок, а не оние што се поскапи од 100 денари и се со иста грамажа како смрзантите. Исто беше искоментирано и во однос на литрите млеко. Некое семејство може троши и 18 литри млеко, меѓутоа има и такво што не пие. Бадемовото вас ќе ви го оставам, вам ви треба, а не мене!

   

Контраспин: Ваквиот настап на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Собранието, во кој таа дрско и со невидена ароганција ѝ го оспори правото на пратеничката Петровска да говори околу трошоците на едно семејство, да спомнува мајки и деца, за разлика од неа која е мажена и има два сина, е целосно непримерен, олицетворение на некултура и примитивизам. Во својот дискриминаторски говор (1,59 до 3,20 од видеото)натежнат од навреди и омаловажување, министерката уште рече дека на Петровска дури не може да ѝ каже почитувана, бидејќи не ја заслужила нејзината почит! 

Петровска не возврати на недоличниот говор само ѝ порача на министерката:

„Ако имаше дно, вие го пробивте“.

Што беше причината за изблик на гнев и навреди? 

Пратеничка Петровска од собраниската говорницата најпрвин ја потсети министерката за финансии Димитриеска-Кочовска на една нејзина претходна изјава – дека таа не купувала грашок во конзерва и не сфаќа зошто таква храна е ставена во потрошувачка кошничка за 4-члено семејство во која има и 13 литри млеко. Потоа порачувајќи ѝ да не држи лекции за домаќинско пазарење, ја повика да го изнесе ставот по однос на прашањето за намалување на патните трошоци на пратениците и да каже зошто нејзината партија не го поддржала: 

Не сакам оваа дебата со вас да ја претворам во споделување рецепти, ама следен пат кога ќе одите во маркет, а рековте дека одите често, земете и споредете време на готвење на тој грашок од конзерва кој за вас е нелогичен, и оној другиот. За вас може не е важно, ама за едно просечно македонско семејство многу е важно колку време ќе биде вклучен шпоретот. Наместо да ни држите лекции за домаќинско пазарење не е лошо да го чуеме вашиот став за намалување на патните трошоци на пратениците и зошто ВМРО-ДПМНЕ не ги поддржа.Јутјуб видео (0,45 до 1,53); 

По ова стигна жестоката реакција од министерката за финансии која во канонадата навреди кон пратеничката Петровска на крајот онака најмалициозно ѝ порача: 

Бадемовото (млеко) вас ќе ви го оставам, вам ви треба, а не мене! 

Со ваквото недолично, па дури безобразно однесување, Димитриеска-Кочоска која се обраќаше од собраниската говорница прво покажа отсуство на почит кон Собранието – втората по важност институција во државата која ја избира Владата, вклучително и министерката. Собранието врши политичка контрола и надзор над Владата, па министерката е должна да ги почитува сите пратеници независно од нивната политичка провениенција, национална и етничка припадност. Така стојат работите според член 68 од Уставот, без разлика дали тоа ѝ се допаѓа или не на министерката, а ароганцијата и покажувањето сила може да си ги остави „за по дома“!

Да не говориме за ниските удари и напади на лична основа, што е нечовечки и срамно. Просто е несфатливо како министерката си зема за право да ги „означува“ пратениците дали имале или немале семејство и врз основа на таквото гледиште да одредува дали некој од е квалификуван и достоен да ѝ поставува прашања. Србите имаат убава поговорка за ваквите испади „Ме изеде (уби) туѓиот срам“! 

Јавноста е згрозена од ваквиот настап на министерката. Во текот на денот се редеа реакции од нејзините сопартијци во СДСМ – лидерот Венко ФилипчеФатмир Битиќи, Форумот на жени на СДСМЛевица.

Социјалдемократите говорот на Димитриеска-Кочоска го квалификуваа како класичен пример на дискриминација, а на денешната прес-конференција пред Министерството за финансии, побараа оставка од министерката. Од Левица ги осудија навредите кон Петровска како подли, мизогини и недостојни изблици на вмровските политичари.

Министерката „извадена од контекст“, Петровска најави претставка

И наместо по овој несреќен настап да најде начин да се извини, и на Собранието, и на пратеничката Петровска, но и на сите жени кои ете не се мајки – немаат две, три, пет деца, заради сплет на околности или самите така решиле, Димитриеска-Кочоска неколку часа подоцна преку објава на Фејсбук излезе со нови напади кон Петровска. Извлекувајќи се дека била извадена од контекст, таа ја обвини пратеничката дека „глумела жртва“ 

Ја разбирам хистеријата која СДС и нивните ботови ја шират околу мојот политички дуел во собранието со Славјанка Петровска.

Ноторен факт е дека Петровска изгради кариера од глумење жртва. Редицата причини за сожалување е долга. Секој нејзин настап е запаметен по тоа што по секој дуел се претставуваше како жртва за нешто. Но од друга страна денешната изведба на претставата жртва беше од истата говорница од која безочно напаѓаше и говореше за таткото на еден министер колега, или пак за синот на премиерот, иако и двајцата не се поврзани во никаков политички контекст. Таа госпоѓа немаше ниту мака иронично да се однесува, навредува, дофрла од место, а во моментот кога ќе се одговори нешто, тогаш таа прераснува во жртва.

Што се однесува до моите зборови кон Славјанка Петровска која лично како жена сум ја бранела кога многу други ја напаѓале, беа извадени од контекст и се толкувани како лична навреда….

Министерката Димитриеска Кочоска денеска одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата изјави дека нејзиниот настап во Собранието бил „лажна тема“ и служела за дефокусирање на јавноста од поважни теми, па како што рече, оваа тема за неа е затворена.

Во сличен тон беше и соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму порачаа дека „Петровска се претставува како жртва секогаш кога ќе биде повикана на одговорност, дека секој пат ја користи истата стара тактика – глуми нападната и го пренасочува фокусот од суштинските прашања“. 

Пратеничката Петровска, пак, синоќа најави дека ќе поднесе претставка до Комисија за спречување и заштита од дискриминација. Во гостувањето  емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24 таа рече: 

Ова не е заради мене. Она што денеска се случи во јавноста не е заради Славјанка Петровска туку затоа што еднаш засекогаш мора да се стави стоп на ваквото однесување од страна на власта. И не е првпат премиерот и претставници на Владата да навредуваат, понижуваат и омаловажуваат пратеници на поставено прашање. Ако ние денеска зборуваме за парламентарна демократија тогаш секој треба да си го знае своето место. (Вистиномер)

Прочитајте повеќе…

  

Најново

(ВИДЕО) Кој всушност е новинарот што го праша Зеленски дали поседува одело?

Sase Ivanovski

За што разговарале Радев и Сиљановска-Давкова?

Sase Ivanovski

СПРЕЧЕН Е АТЕНТАТ ВО МОСКВА: Мета бил митрополитот Тихон

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКИ НА ТРАМП МУ ПОКАЖА ФОТОГРАФИИ ОД ЗАРОБЕНИ ВОЈНИЦИ: Тој му врати дека е неблагодарен

Sase Ivanovski

„МАКЕДОНИЈА ДА СЕ ДРЖИ ДО ГЕРМАНИЈА, 50 ПРОЦЕНТИ ОД НАШИОТ ИЗВОЗ Е ТАМУ“: Членот на советот на НБРМ Наумоски, во „Бизнис муабети“ вели дека имаме пари

Sase Ivanovski

Петрова: Споредбено со јануари и февруари минатата година имаме нешто подобра наплата кај сите даноци

Sase Ivanovski

СЕ УКИНУВААТ ПАТАРИНИТЕ: Многу брзо ќе се смени целиот систем на наплата во Србија

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА: Видете што ќе се случи за неколку месеци, а ако грешам, ќе се извинам

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКИ И ТРАМП СЕ СКАРАА: Eве ја реакцијата на украинската амбасадорка во САД

Sase Ivanovski

Муцунски на средба со амбасадорката на САД, Анѓела Агелер

Sase Ivanovski

На Меѓународниот ден на ретки болести пациентите и нивните семејства бараат итно усвојување на Националната стратегија

Sase Ivanovski

„Тоа беше смрт без умирање“: Данијела Димитровска проговори за разводот од Огњен Амиџиќ

Sase Ivanovski

Осум јапонски техники кои ќе ви го смират умот: Прифатете ги недостатоците, предизвиците и сè што не можете да контролирате

Sase Ivanovski

Нова студија открива: Обидот да бидеме среќни нè прави понесреќни

Sase Ivanovski

ПОТКАСТ „Со Ана на ТИ“ | Вера Мештеровиќ: Не смееше никој да ме допре, се чувствував како супер-девојка

Sase Ivanovski

Данците стравуваат од странско мешање на претстојните парламентарни избори на Гренланд

Sase Ivanovski

Алкалоид убедливо славеше над Пролет, Дамјан Митев постигна 11 голови

Sase Ivanovski

Мизогинија на министерка не може да биде затворена тема

Sase Ivanovski

Ни со Трамп ни со Путин

Sase Ivanovski

ЕУ е создадена да ги за.бе Америка и Македонија

Sase Ivanovski

Мексико му предало на САД 29 наркобарони, во пресрет на најавените царини

Sase Ivanovski

Макрон: ЕУ планира реципрочни царини на челикот и алуминиумот

Sase Ivanovski

Трамп до Зеленски: Ризикувате да започнете Трета светска војна

Sase Ivanovski

Зеленски му најави на Трамп во Белата куќа дека не сака да направи „компромис“ Путин

Sase Ivanovski

Петровска: Вработени во Министерство за одбрана биле повикани на разговор бидејќи ги поддржувале протестите за Фросина

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Водиме внимателна политика и ги контролираме трошоците, намален јавнииот долг

Sase Ivanovski

Канадскиот премиер Трудо утре пристигнува во Лондон на самитот во Украина

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Водиме внимателна политика и ги контролираме трошоците, намален јавниот долг

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Иско му донесе триумф на Бетис против Реал Мадрид

Sase Ivanovski

Велика Британија договори заем од 2 милијарди фунти на Украина

Sase Ivanovski

Макрон: Подготвен сум за разговори за нуклеарна заштита на Европа

Sase Ivanovski

Мелони повика итно да се одржи самит на кој ќе учествуваат САД, Европа и сојузниците

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Илјадници на протестот во Ниш – Објавен „Студентскиот едикт“

Sase Ivanovski

Зеленски пристигна во Лондон: Топло добредојде по хаосот во Вашингтон

Sase Ivanovski

Гостиварец измамен за 200.000 евра

Sase Ivanovski

Во голема несреќа на два автобуси во Боливија загинаа 37, повредени се 30 лица

Sase Ivanovski

Гутереш: Враќањето на војната во Газа би било катастрофа

Sase Ivanovski

Норвешки нафтен гигант: Нема повеќе гориво за САД

Sase Ivanovski

Општинска склероза: Општина Центар во 2015 година воведе зона за смирен сообраќај во Дебар Маало, но заборавила како спровела и дали воопшто е надлежна да воведува зони на смирен сообраќај на улиците под нејзина надлежност

Sase Ivanovski

ДВЕ И ПОЛ ГОДИНИ НЕМА ПРАВДА ЗА СМРТНО-ПРЕГАЗЕНАТА ТЕОДОРА ОД ТЕТОВО: СУДСКИОТ ПРОЦЕС Е ЗАПЛЕТКАН, СЕМЕЈСТВОТО СЕ СОМНЕВА ВО ДАДЕН ПОТКУП

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Го има во сите телефони, но ЕУ го набавува во Руанда

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Патот Белград-Ниш… граѓани одат на студентски протест

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Четири мексиканки на крстосување преку Атлантикот, за да подржат две фондации и да ги инспирираат жените во Мексико за екстремни предизвици

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов: Прекрасната медитеранска клима која ја има Дојран „го фатила окото“ на Израелските инвеститори кои сакале да изградат туристичко-здравствен туризам

Sase Ivanovski

Расправија во Овалната соба – Трамп му рече на Зеленски: Се коцкаш со Трета светска војна

Sase Ivanovski

Зеленски ја напушти Белата куќа, преговорите за војната во Украина пред колапс

Sase Ivanovski

Папата Франциск на апарат за дишење откако доживеа ненадеен респираторен напад

Sase Ivanovski

Европските лидери со поддршка за Украина и Зеленски: Стоиме со вас!

Sase Ivanovski

Апликацијата СкопјеБус: Во градските линии корисна, во приградските само „на туркање“

Sase Ivanovski

Како руската пропаганда гледа „диктатор“ во Зеленски и ја префрла одговорноста за војната врз Украина

Sase Ivanovski

Курдската работничка партија (ПКК) прогласии прекин на огнот по 40-годишниот бунт во Турција

Sase Ivanovski

Косово не организирало прослава на својата независност во Македонија

Sase Ivanovski

„Студентски Едикт“ новиот масовен протест организиран од студентите и граѓаните на Ниш кој наскоро ќе биде и во Белград

Sase Ivanovski

Опозициската коалиција ја јакне соработката со нов договор

Sase Ivanovski

Град Скопје: Заврши реконструкцијата на водоводната мрежа на улица 3 во Злокуќани

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени дилери

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо политичка дебата СДС упорно применува ист манипулативен шаблон, ВМРО-ДПМНЕ со мерки и проекти се фокусира на јакнење на позицијата на жените

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Богданка Кузеска: Работниците заслужуваат минимална плата од 500 евра

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија која ги штити криминалците и соработувала со нив, СДС не се огради ниту од Заев, ниту од Ковачевски, од Груби и Андов

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи, Тошковски од Тетово: Тетово како првичен дел од „Безбеден град“ ќе добие безбеден сообраќај, во меѓувреме засилени акциски контроли за решавање на сообраќајниот хаос

Sase Ivanovski

СДСМ: ДПМНЕ е партија на осудени криминалци и политичка структура заробена во минатото

Sase Ivanovski

(ФОТО) МУЗИЧКАТА АКАДЕМИЈА ДОБИ КОНЦЕРТЕН КЛАВИР ОД БИЗНИСМЕНОТ КОЧО АНЃУШЕВ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски да ја разреши Кочовска за навредите и да престане да ја штити

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: Претрес во Виница, приведен дилер

Sase Ivanovski

Министерство за правда: Објавени записниците од Комисијата за надзор над АКМИС-от во судовите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Лефков: Судот под плаштот на СДС, Филип Андов Сокол наместо да определи притвор само му одзема пасош, му отвора ли пат да избега?

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не го штити туку да го осуди и исклучи од ЦО Филип Андов Сокол, борбата против криминалот и корупцијата продолжува

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Марков: Надзорната расправа за аерозагадувањето ќе придонесе да се изнајдат соодветни решенија во интерес на здравјето на граѓаните

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: Претреси во Велес и Кавадарци, пронајдена дрога

Sase Ivanovski

СДСМ, Филипче: „Први сме во регионот“ само во поскапувања и пад на стандардот, економијата тоне

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Зеленски на Фокс Њуз: Сакам Трамп повеќе да биде на наша страна

Sase Ivanovski

Независни медиуми од Источна Европа: Кратењето на помошта од УСАИД ќе доведе до „темнина во која ќе умре демократијата“

Sase Ivanovski

По апелот на Оџалан, ПКК прогласи прекин на судирите со Турција

Sase Ivanovski

Нов спортски рекорд: Дуплантис прескокна 6.27 метри

Sase Ivanovski

Избрани принцот и принцезата на Струмичкиот карневал

Sase Ivanovski

Реакции на европските лидери по прекинатата средба Трамп – Зеленски

Sase Ivanovski

Студентски протест „Големиот едикт“ во Ниш

Sase Ivanovski

Дел од Општина Илинден без струја

Sase Ivanovski

Хамас ја отфрли израелската „формулација“ за продолжување на првата фаза од примирјето во Газа

Sase Ivanovski
Вчитувам....