Ќе чекаме ли корупцијата пак да убие? Кој дозволил тротоарот на најпрометниот булевар во Скопје да се претвори во двонасочна улица во која се влегува и излегува од пешачки премин на „Партизанска“? Каде е полицијата да ги казнува возачите кои секојдневно и најбезобразно ја загрозуваат безбедноста на пешаците, некои возејќи прилично брзо на тротоар? Каде е градоначалникот на Карпош, каде е градоначалничката на Скопје да го реши проблемот? Или, пак тие го создале проблемот, и овозможиле пешачкиот тротоар да стане двонасочна улица?
Премиерот живее на неколку стотини метри од тука, секој ден го возат по „Партизанска“ и гледа како се загрозуваат пешаци од „корумпираниот систем“ – и ништо не презема? Ќе се најде ли јунак да ја реши оваа „дива улица“ – симбол на корупцијата во Карпош и Скопје? Ќе чекаме ли корумпираниот систем да убие или повреди уште некое дете, па дури тогаш да дејствуваме?
Или конечно, тие што се платени да се грижат за безбедноста на граѓаните (и пешаците се граѓани, нели?), ќе почнат да ја заработуваат својата плата?
Кој се треба да биде уапсен, обвинет, и казнет, затоа што дозволил јавен простор – безбеден пешачки тротоар и пешачки премин – да стане небезбедна дива двонасочна улица која секојдневно го загрозува животот на стотици пешаци кои поминуваат тука?