Четириесетгодишен германски државјанин е возачот на автомобилот што со голема брзина денеска се заби во пешаци во југозападниот германски град Манхајм и тој беше уапсен на самото место. Бројот на загинати порасна на двајца, а уште десет луѓе се примени во болница со повреди. Полицијата информира дека уапсениот маж е единствениот осомничен за овој инцидент и дека нема докази дека уште некој е вмешан. Уапсениот возач е во болница.
Сојузниот министер за надворешни работи Томас Штробл потврди дека станува збор за намерен напад, велејќи дека возачот го користел автомобилот како оружје. Сепак, нема назнаки дека тој имал екстремистичка или верска позадина. Градоначалникот на Манхајм, Кристијан Шпехт, крвавиот инцидент го оцени како гнасен и нечовечки. Инцидентот се случи на плоштад во центарот на Манхајм на предвелигденската карневалска сезона во Германија. Градот вчера организираше голема парада, а за утре беше планиран уличен фестивал, но е откажан.
"Habe nur gesehen wie zwei Mädchen ihre Beine verloren haben." Mannheim bleibt standhaft. pic.twitter.com/6hfMiZzrGc
— ozizzus #1337 #DeusVult 𓆉 (@ozizzus) March 3, 2025