Музичарот Били Џоел ги загрижи обожавателите на концерт откако се струполи на сцената. Били настапи во одморалиштето „Мохеган Сан“ во Стемфорд, а снимката од настапот се прошири низ социјалните мрежи. На неа се гледа како Џоел го врти својот држач за микрофон и го фрла на другата страна од бината. После тоа, тој одеднаш паднал на грбот. Присутните на концертот рекоа дека членовите на бендот му помогнале да стане, а Били отпеал друга песна. Сепак, велат дека бил збунет по падот. „Тој едноставно не изгледаше добро како да куцаше околу сцената“, рекол еден од присутните. Музичарот неодамна на сцената проговори за својата личност и се пошегува дека најмногу седи на неговите настапи. „Ја имам оваа слика на најмалку гламурозната поп-ѕвезда што постои. Само седам на пијано“, рекол тој.
И покрај тоа што има 75 години, Били не планира да престане да се занимава со музика и да се пензионира. Џоел претходно зборуваше за неговите борби со зависноста од алкохол и супстанции, како и за неговата борба со менталното здравје.
Shocking moment ‘frail’ Billy Joel falls over live on stage pic.twitter.com/UlQlPouQVL
— The Sun (@TheSun) February 27, 2025