10.8 C
Скопје
29/03/2025 09:17
МАКТЕЛ

    

(Видео) Лефков: Целиот систем е девастиран – главната одговорност е во МВР

      

Сите шевови многу добро ги нотиравте коишто доведоа до катастрофата. Ние како истражувачки новинари сме фокусирани во делот на борба против корупцијата и таму знаеме дека за да ти се случи еден коруптивен настан, мора целиот круг да биде затворен како струјно коло. Една институција да профункционирала во тој момент немаше да се случи ова. Да не се лажеме, највиновна е полицијата. Да имаше доблест, да имаше морал министерот, требаше веднаш да си поднесе оставка, за да остави простор целата истрага да се одвива независно. Тоа не го видовме. Не видовме одговорност кај највисоките чинители на власта, бидејќи тие се тие коишто го водат системот. Ден претходно да направеле една контрола тоа немаше да се случи“, вели Лефков.

„Не би му го посакал ова ниту на најголемиот душман. Вакви трауми, каде што еден цел град ти е настрадан, една цела генерација каде што е настрадана е стражно жално и болно“, изјави новинарот Горан Лефков за тоа каков е животот во Кочани после несреќата во која загинаа 59 млади луѓе и дали е воопшто лесно да се живее после трагичниот настан во овој град. За тоа дали оваа катастрофа е последица на наталожените проблеми, заташкувањето, прогледувањето низ прсти, нефункционалноста на институциите, Лефков со категорично ДА!“.

   

„Сите шевови многу добро ги нотиравте коишто доведоа до катастрофата. Ние како истражувачки новинари сме фокусирани во делот на борба против корупцијата и таму знаеме дека за да ти се случи еден коруптивен настан, мора целиот круг да биде затворен како струјно коло. Една институција да профункционирала во тој момент немаше да се случи ова. Да не се лажеме, највиновна е полицијата. Да имаше доблест, да имаше морал министерот, требаше веднаш да си поднесе оставка, за да остави простор целата истрага да се одвива независно. Тоа не го видовме. Не видовме одговорност кај највисоките чинители на власта, бидејќи тие се тие коишто го водат системот. Ден претходно да направеле една контрола тоа немаше да се случи.

-И не само тие. Тука се и инспектори за противпожарна, Дирекција за заштита и спасување, финансиски институции. Како можела да работи таа дискотека со блокирана сметка, на црно набавувала пијалоци. Се збори за сума од 1.500.000 денари кои се потрошени за набавка на пијалоци само за таа вечер. Тоа е на црно, тоа е затајување на данок, перење на пари. Ние гледаме дека луѓе одат во затвор за ќебапи, а овде овие не изреагирале. Ако ја пломбирале како може да отпломбираш објект кој е затворен од државна институција“, вели Лефков.

„Ние во гроб живи немаше да влеземе. Децата си ги изгубивме, секој по некого изгуби. Но треба да се вратиме назад, бидејќи има некој за кого треба да живееме“, вели Лефков и додава дека сите ние сме сега со обврска да направиме подобар систем барем за децата што останаа и за децата коишто доаѓаат.

„Во Кочани, по статистиките со коишто сум запознаен, во Кочанската болница годишно се раѓаат околу 150 до 200 деца годишно, а ние толку имаме починати и повредени во несреќата. Тоа е една цела генерација“, потенцира Лефков.

Фото: Трилинг / Горан Лефков

Говорејќи за тоа дека Кочани се спомнува и е поврзуван со „Франкфуртската мафија“, случајот „Детонатор“ кој никогаш не се расветли, Лефков вели дека тоа е една екипа, една група од двете партии која се шалтала како уценувачи и рекетари.

„Тоа е една цела структура што правеше многу кривични дела. Тоа е екипа на која цело време и е прогледувано низ прсти. Знаеме дека едно од тие лица беше обезбедување на Никола Груевски. Имаше и друга група со која се конфонтираа. И нив и полицијата и сите други служби многу добро ги знаат, но сите замижуваа. Деведесетите години тие групи беа создавани во Кочани, потоа ги кренаа на ниво на цела Македонија. Околу гласините дека во Кочани има две-три семејства кои имаат се под контрола и кои се тие, Лефков вели дека е точно дека има семејства кои контролираат одредени процеси.

„Тие биле политички активни ликови во СДСМ. Тука е едно семејство на поранешен пратеник на СДСМ, Ванчо, стопанственик од Кочани, а од страната на ВМРО-ДПМНЕ ако се извлече како моќен лик е поранешниот градоначалник Ратко Димитровски. Сегашниот градоначалник, Љупчо Папазов беше директор на Комуналното претпријатие и беше лицето кое беше контакт со централата во Скопје“, вели Лефков. За тоа како гледа на акцијата која сега се спроведува, Лефков смета дека ова најверојатно ќе биде првиот случај кој ќе заврши со судски пресуди.

„Друго е прашањето дали некој ќе ми ја врати внуката ако ги осудат сите. Никој нема да ми ја врати. Работата е што ние како општество мора да изградиме многу повисока свест, да пријавуваме и да се следат и контролираат институциите“, изјави Лефков. Говорејќи за двојните аршини каде што на домашните медиуми им беа поставувани стандарди што и до каде смее да се снима, да се фотографира, за да се дојде до ситуација нашите медиуми да преземаат фотографии па и цели текстови од странските новински агенции, Лефков вели дека Владата на Мицкоски е премногу исплашена од луѓето.

„Со овие барања тие гледаа да направат нешто за да се најдат, пикнат некаде во целата оваа приказна таму кај што не им е место. Затоа и носеа такви глупости и барања. Зошто да не снимаат медиумите? Па тоа им е работа. Тука препознавам обид за релативизирање, обид за цензура на овој гнев кај граѓаните. Прво пробаа со разноразни излегувања на прес конференции, како од времето на Груевски. Ќе се случи некоја несреќа тој ќе оди ќе се слика со сите. Работев како локален новинар кога се преполни браната „Калиманци“ и се поплавија неколку села (Облешево, влезе вода во стадионот во Штип). Претходната година пукна една друга брана кај Пишица затоа што за петстотини евра не ја исчистија вратата на браната и кога требаше да ја отворат за да истече водата, таа не истече, туку се прели браната и се уништи. Велеа дека тоа е природна катастрофа, па Груевски се сликаше, велеа демек дождот не можел да се запре, а всушност тоа беше катастрофа која требаше да се запре“, вели Лефков.

Фото: Трилинг / Горан Лефков

Околу тоа дека јавноста е сведок на обидите за лично оцрнување на независни медиуми, новинари, па и закани кон нив поради нивната критичка обсервација и откривањето на корупција, Лефков вели дека тоа било присутно, го има и ќе го има.

„Тоа што ние како општество и новинари треба да се бориме е да зборуваме за тие права. Тоа е начинот на којшто се чуваат правата и новинарското право за известување не е еднаш за секогаш дадено и за тоа треба да се избориме. Тие не не гледаат нас како пријатели. Ако можат да не искористат за нивни ПР тогаш е ОК, а ако не можат да не искористат тогаш ние сме нивни непријатели. И така ќе не гледаат и така ќе не третираат. Искрено не верувам дека тие имаат поголема општествена свест. Огромен дел од нив се влезени за да решат приватни финансиски проблеми, да се обезбедат за 5-6 генерации и тоа е. Не можеме од нив да очекуваме да придонесат за развојот на општеството, за развојот на граѓанните, за развојот на државата. 40 години не убија со оваа корупција. Кога ќе се споредиме до каде отиде една Словенија може да констатираме дека не убија со таа корупција“, смета Лефков. Говорејќи за тоа колку реално може да се очекува рестартирање на системот за проблеми кои со години се наталожувани, Лефков смета дека несреќата во Кочани преставува едно будење и отрезнување.

„Катастрофите се едно будење и отрезнување. Ако ништо не се промени нивниот број ќе се зголемува затоа што видовме дека системот не функционира. Не функционираше во Модуларната болница во Тетово, не функционираше системот за „Беса транс“ кога живи изгореа луѓе кои патуваа, не функционираше и во случајот со „Дурмо турс“ и така кататрофите се редат. Затоа што некој со „Дурмо турс“ не си ја завршил работата на техничкиот преглед, затоа што полицаец не го сопрал „Дурмо турс“ да го изнесе на техничка контрила, цариниците во Бугарија не го исконтролирале добро автобусот на „Беса транс“ за да видат дека има запаливи материи… Целиот систем на контрола е девастиран. Имаме инспектори, полициски инспектори, за животна средина инспектори што се лесно поткупливи, за едно кафе се продаваат“, вели Лефков и додава дека митоманијата стана стил на живот затоа што ние како граѓани тоа го толерираме.

„Ако ние тоа го пријавиме каде што треба да го пријавиме, и ако тој орган го следиме во постапувањето со тоа дело, тие нема да се осудат да го прават тоа. Има голема вистина во тоа дека во моментот кога ќе го пријавиш ти си спасил државни ресурси. Милијарди годишно ние губиме поради корупција. Кога се тоа тоа ќе го поделиш на денови и часови и секундата кога тоа ќе го пријавиш ти си спасил нешто. Системот е како автомобил, ако го оставиш сам да се движи без да го управуваш, тој ќе заврши во ендек. Ние така завршивме сега со катастрофата во Кочани. Корупцијата не убива секој ден“, вели новинарот Горан Лефков. Целото интервју со истражувачкиот новинар Горан Лефков погледнете го во видеото.

  

Најново

Возете внимателно по влажни коловози

Sase Ivanovski

Повеќе од 1.000 загинати во силниот земјотрес во Мјанмар

Sase Ivanovski

Рубио го потврди де факто распуштањето на УСАИД

Sase Ivanovski

Трамп: Ако не можеме да постигнеме договор, работите ќе станат непријатни за Иран

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Големо невреме на автопатот Штип-Миладиновци, се чистат одрони од Делчево до Берово

Sase Ivanovski

(АРХИВА) Кичевската „2 СС“ ја основал директор на Агенцијата за пошти од ЛДП, кој му продал акции на сватот на Ахмети!

Sase Ivanovski

Кочани: Последното предупредување | ИРЛ

Sase Ivanovski

Лидерите на ВЛЕН на ифтар кај Курти ќе разговараат и за локалните избори

Sase Ivanovski

Зеленски не признава долгови кон Америка

Sase Ivanovski

Трамп: Ни треба Гренланд, мора да го имаме!

Sase Ivanovski

Апелација го укина обвинението за убиството на малата Данка

Sase Ivanovski

Иницијативата „Кој е следен“ денеска пред Собранието

Sase Ivanovski

Стрелките на часовниците одат еден час напред, почнува летното сметање на времето

Sase Ivanovski

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Облачно и дождливо, можно е невреме

Sase Ivanovski

„Неканетиот гостин“ Џеј Ди Венс од Гренланд ја нападна Данска дека не вложува во островот

Sase Ivanovski

Поранешниот директор на полицијата во Црна Гора осуден за шверц на цигари

Sase Ivanovski

Трамп назначи политичар со српско потекло за нов американски амбасадор во Белград

Sase Ivanovski

Скопјанка пријавила дека 11 години помладиот партнер ја натепал на паркинг во Аеродром

Sase Ivanovski

Вучиќ: Добивме ново одложување на американските санкции кон НИС за 30 дена

Sase Ivanovski

Внимателно на патот Делчево-Пехчево- Берово, се чистат одрони

Sase Ivanovski

ОО ДОМ Охрид: Против уништување на јавниот здравствен простор – „Маларична“ мора да остане во служба на граѓаните

Sase Ivanovski

Во насока на подобрување на достапноста на здравствените услуги за пациентите, во системот Мој Термин е воведена опцијата за верификација на телефонскиот број

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Извештајот на ММФ говори за катастрофалното владеење на СДС/ДУИ

Sase Ivanovski

ХЕРА: Младите од Западен Балкан усвоија Декларација, бараат активна вклученост во процесеите на носење одлуки

Sase Ivanovski

Северна Македонија станува дел од СЕПА: полесни и побрзи плаќања во евра

Sase Ivanovski

КОНКУРС “ЈАС, ИТАР ПЕЈО”

Sase Ivanovski

Македонски Концепт: Бугарија со стопирање на Коридорот 8 ја загрозува безбедноста на НАТО во регионот

Sase Ivanovski

Разобличување на кампањата насочена против граѓанското учество во јавниот собир на иницијативата „Кој е следен?“

Sase Ivanovski

Муртезани: „Први во регионот ги добивме средствата, ЕУ испраќа силна порака за доверба и партнерство во нашиот реформски капацитет“

Sase Ivanovski

МУРТЕЗАНИ: 7,96 милиони евра се наменети за директна буџетска поддршка

Sase Ivanovski

597 сообраќајни прекршоци вчера на патиштата низ државата, 200 за непрописно паркирање

Sase Ivanovski

Кривична пријава за даночно затајување      

Sase Ivanovski

Јавен повик за финанска поддршка на проектот „Прослава и животот на Горан Стефановски“

Sase Ivanovski

Каранфилова Пановска: По тешката трагедија во Кочани мора да има промена на целокупниот институционален систем

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Граѓаните можат да бидат спокојни, ќе се решаваат сите аномалии во јавните установи

Sase Ivanovski

Филипче е опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога, СДС да не молчи и да каже дали го одобрува користењето на кокаин?

Sase Ivanovski

Герасимовски ја донираше својата плата за настраданите од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Лишени од слобода двајца возачи кои со возила удрија пешаци во Скопје, возилата одземени

Sase Ivanovski

Беќаровски: Инспекторите и министерот за екологија нека пливаат во Крива Река и нека испијат литар вода да докажат дека не е токсична!

Sase Ivanovski

НАСА го демантира Вучиќ: Не се занимававме со звучниот топ

Sase Ivanovski

Измамници прелажале сопружници со болно дете – им нуделе донации, па на нивно име земале брзи кредити

Sase Ivanovski

Необична ситуација: Германски ски-скокач се откажа од натпреварувањето во Планица поради – страв од висина!

Sase Ivanovski

Студенти од Нови Сад завршија во болница, ги претепале оти пееле против поддржувачите на Вучиќ

Sase Ivanovski

НАЈДЕНА ГРОБНИЦА ВО ЕГИПЕТ СТАРА 3.600 ГОДИНИ Археолози го открија мистериозниот фараон што го заборавила историјата

Sase Ivanovski

НАЈСЕКСАПИЛНАТА АКТЕРКА ЈА ОТКАЖА ВЕНЧАВКАТА Сега е позната и причината за раскинувањето со бизнисменот

Sase Ivanovski

СРПСКАТА НАФТЕНА ИНДУСТРИЈА ЌЕ ЗДИВНЕ УШТЕ НОВИ 30 ДЕНА Американските санкции се привремено одложени

Sase Ivanovski

БРИТАНИЈА ГИ ДАЛА КООРДИНАТИТЕ ЗА НАПАДОТ ВРЗ СТАНИЦАТА ВО СУЏА? Захарова го впери прстот кон Лондон и кон Париз

Sase Ivanovski

УКИНАТО ОБВИНЕНИЕТО ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА Апелациониот суд во Ниш бара одново да биде испитана мајката

Sase Ivanovski

Украина ги врати телата на 909 загинати војници

Sase Ivanovski

ОГРАБЕНА ФАБРИКА ЗА КАНАБИС ВО КАРБИНЦИ – Објектот бил обезбедуван од МВР!

Sase Ivanovski

Џеј Ди Венс пристигна на Гренланд, ги посети американските војници во базата Питуфик

Sase Ivanovski

Горан Михајловски: ДОСТА Е!

Sase Ivanovski

Помеѓу загинатите во пожарот е и ќерката на единствената жена – пожарникар во ДПД Кочани

Sase Ivanovski

Кој излажа за цијанидот во Крива Река? Едниот инспектор работел порано кај загадувачот, на другиот сопругата

Sase Ivanovski

ЕСМ ја избра понудата на „Топлина“ за едногодишен ископ во РЕК Битола вредна 23 милиони евра!

Sase Ivanovski

Платформата за борба против корупцијата бара прекинување на неказнивоста

Sase Ivanovski

Партиите тактизираат за повикот на Филипче за лидерска средба

Sase Ivanovski

Се зголемува бројот на жртви во силниот земјотрес во Мјанмар и Тајланд

Sase Ivanovski

Пеѓа Јовановиќ го одложи скопскиот концерт: Болката е огромна, на сите ни треба повеќе време

Sase Ivanovski

Предложен e притвор за семејно насилство

Sase Ivanovski

Мицкоски: Пет години сме дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Sase Ivanovski

Силни земјотреси ги потресоа Тајланд и Мјанмар, се урна висококатница во Бангкок

Sase Ivanovski

Хелсиншки комитет: Собранието да се консолидира и да почне да ја врши својата функција

Sase Ivanovski

Европските лидери се согласија дека не е време за укинување на санкциите против Русија

Sase Ivanovski

Објавен конкурсот за прием на ученици во ученички домови

Sase Ivanovski

Рудникот Тораница ќе добие казна од 200.000 евра за загадување на Крива река

Sase Ivanovski

Михалис Рокас: Владеењето на правото ви стагнира во последниве години

Sase Ivanovski

Граѓанските организации за борба против корупцијата бараат непристрасна истрага за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на настраданите во несреќата во Кочани

Sase Ivanovski

Иницијативата „Кој е следен“ се оградува од политичките партии

Sase Ivanovski

Српските студенти на медицина бараат одговорност и оставки поради посетата на Вучиќ на пациенти од Кочани

Sase Ivanovski

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Sase Ivanovski

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Sase Ivanovski

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

Sase Ivanovski

“Министерство за економија и труд“: Безбедноста во угостителската дејност, Дурмиши предлага законски измени

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денешната прес-конференција е класичен пример на СДС против СДС

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС седум години газеше врз работниците, сега лицемерно покажува грижа

Sase Ivanovski

Министерство за одбрана – Соопштение и фото – Државно-воениот врв на одбележувањето на 5-годишнината од членството во Алијансата, продолжуваме со силно темпо да ја развиваме нашата НАТО Армија

Sase Ivanovski

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ поднесе 22 нови закони, меѓу нив и Законот за одржување на јавен ред и мир

Sase Ivanovski
Вчитувам....