Венко Филипче беше фатен жив во шема за земање провизии за вакцини за КОВИД во аферата Стабри, тој нема никаков кредибилитет, да си поднесе оставка. Имено Венко Филипче сакаше да набави кинески вакцини против КОВИД во ек на кризата преку фирма регистрирана за тргување со банани и јужно овошје. Оваа фирма со име Стабри, е формирана само 3 месеци откако СДС дошле на власт во 2017 година.
Коинциденција или не? Филипче како министер сакаше да ги купи вакцините преку Стабри, по цена од 62 долари, во услови кога другите држави ги купуваа по најмногу 30 долари. 200.000 вакцини кои Филипче сакаше да ги набави, ќе беа платени 6 милиони долари поскапо. За тоа каде требаше да завршат овие 6 милиони долари, Филипче и ден денес молчи. Овој сериозен криминал во обид, беше спречен единствено со огромниот медиумски притисок и притисокот на ВМРО-ДПМНЕ и јавноста. Тоа што овој криминал во обид беше спречен, не е олеснителна околност за Филипче како политичар, кој мора да одговори: 1. Каде требало да завршат 6 милиони долари од набавката на вакцините? 2. Дали фирмата Стабри има врски со СДС и него лично, со оглед на тоа дека е формирана само 3 месеци, откако тие дошле на власт? Оваа афера покажува дека Венко Филипче нема кредибилитет. Исто така ова е доказ за што се бори Филипче и зошто е во политиката. Филипче се надева на власт и на можност повторно да прави вакви шеми. Венко Филипче е без кредибилитет и прочитан од народот. Венко Филипче веднаш да си поднесе оставка.