2,2 милијарди денари за само 4 години, директорите на Филипче украле од државниот Буџет. Наместо терапии и лекови, пациентите на Онкологија добивале физиолошки раствори, а вистинските лекови биле крадени и препродавани по странство по многу поскапи цени. Останува нејасно, а воедно и денес го повикуваме ОЈО да истражи, дали Филипче има удел во случајот Онкологија? Филипче како прв човек на здравството, го урниса истото, а лековите кои биле крадени, потоа ги купуваа од блиска негова веледрогерија за многу поскапи суми.
Дали за Филипче, бизнисот е секогаш над потребата на граѓанинот? Дали и Филипче, заедно со овие двајца директори за кои беа поднесени кривични пријави, бил свесен за овој криминал и останал нем на истиот или можеби и тој бил вклучен во истиот случај? Дали Филипче има добиено голема сума на пари за да молчи и индиректно да го одобрува овој криминал на Онкологија? Почитувани, Филипче е црна точка на минатото и токму таму треба и да остане. Филипче е синоним за криминал, корупција и неспособност.