Прашање: Ваш став околу денешниот протест на ССМ? Одговор: ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува и уважува работничките права, но не го поддржува и не го уважува политичкото водство на синдикатите. Кога Трендафилов говори за платите на политичарите, добро е да ги спомене и платите на синдикалците. Тој лично зема 75 илјади денари месечно од истите тие работници, а неговите колеги и дури до 130 илјади денари. Како очекуваме Трендафилов да ги разбере работниците? Да објасни во кој дел сочувствува со позицијата на работниците кога земаат плати над 2000 евра? И како тоа неговите ставови се исти како и тие на СДС, Левица и ДУИ?
Што барал на состанокот со СДС неодамна и какви инструкции му дале и дали му се доволни 2000 евра плата месечно додека ги лаже и злоупотребува измачените работници чии права и плати се реално ниски? Лицемерната глума на ССМ дека ги бранат работниците, додека прават договори со СДС. ВМРО-ДПМНЕ е таа што ја зголеми минималната плата. ВМРО-ДПМНЕ е таа што ќе се избори за нова динамика на раст на платите, подобри услови и достоинствен живот за секој човек. Сочувствуваме со предизвиците на работниците, знаеме низ што минуваат, и затоа, согласно реалните околности, преземаме и ќе продолжиме да преземаме конкретни мерки за подобрување на нивната положба.
Да потсетиме: – Воведовме даночни олеснувања за зголемување на платите; – Се бориме со сивата економија; – Ги чистиме институциите од партиски паразити кои со години злоупотребуваа сè, вклучително и синдикатите; – Зголемени се платите во образованието за 12%; – Во здравството за 15%; – Во секторот за безбедност 10%; – Пензиите се зголемени за 5000 денари; – Се зголемија капитациите на матичните лекари 33%; – На гинеколозите за 33%; – И за стоматолозите 23%; А тие што молчеа кога требаше да зборуваат, сега нека се соочат со вистината: ВМРО-ДПМНЕ е таа што носи промени на подобро секој ден.
ВМРО-ДПМНЕ ќе работи да се подобри состојбата на работниците. Сочувствуваме со нивните предизвици и потешкотии и правиме и ќе продолжиме да правиме се согласно реалните околности да ја подобруваме нивната реалност. И ќе продолжиме со зголемувања согласно можностите свесни дека задоволен работник е среќен граѓанин. И што правеше СДС со банкротирањето на државата и се што наследи ВМРО-ДПМНЕ, додека истиот овој лик збор не кажа против нивната влада на ДУИ и СДС туку си уживаше по патувања и синдикални игри во баханалии и непримерност. Трендафилов настапува како политичар од локална партиска организација на СДС. Дали е СДС дали е ССМ, исто е.