Прашање: Како го оценувате последниот Извештај за слобода на медиуми на Репортери без граници? Одговор: Падот на Индексот на Репортери без граници, се должи на главната фабрика за ширење на лажни вести и дезинформации, а тоа се СДС и Венко Филипче, и да потсетиме дека за истото имаат и осудителни пресуди.
Пример за лажна вест е последното соопштение и прес-конференцијата на СДС, каде што велат дека министри трошеле илјадници евра за ручеци. Демант има и од Владата и од институциите, бидејќи тоа било исплата кон ресторански оператори за храна плаќана од вработените. Почитувани, СДС е партија која се одржува на лажни вести. Во отсуство на политики и предлози за подобрување на општеството, тие се користат со лажни вести и дезинформации. СДС е синоним за неспособност, предавство и криминал.