Прашање: Дали пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ би иницирала да се покрене постапка за разрешување на претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, по скандалот дека оддавала службени тајни на осомничени во предметот Адитив? Одговор: Нашиот став е јасен. Секој инволвиран во одредено противправно дејствие за кое постојат јасни докази и факти, мора да одговара, без разлика на неговата политичка, верска и етничка а најмалку без разлика на неговата политичка функција која што ја извршува. Доколку постојат докази за сторено кривично дело, недозволено е таквото однесување.
Од аспект на морал сметаме дека поголемата одговорност кај лицата кои извршуваат високи јавни функции, отколку кај останатите. Нашата заложба како Влада е јасна, тоа значи бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата. Правдата и владеењето на правото е важен двигател за развојот и перспективата на државата и затоа секој еден поединец или чинител кој извршува јавна функција мора да е насочен кон исполнување на сопствените индивидуални должности и обврски, односно целосно почитување на законските норми. Ги повикуваме воедно и надлежните институции целосно да го расчистат случајот и да покажат дека секој којшто се огрешил пред законот соодветно ќе биде казнет за истото.