Прашање: Ваш став за коментарите на СДС за случајот Онкологија? Одговор: Во однос на тоа би сакале да потенцираме дека Мизрахи не обвинува, туку обвинителството и судството. И тоа може и мора повторно да биде отворено. Затоа што сите знаат за одговорноста на Венко Менгеле. Веќе неколку недели Филипче гласно молчи на нашите прашања.
Еве би сакале повторно да прашаме: Дали е измислена аферата за златната виза? Дали е измислена аферата за тоа дека Филипче си местеше блиски луѓе за директори на клиники a потоа им даваше тендери на родителите на истите? Дали е измислена аферата за крвави тендери, приватизација на јавното здравство или пак онаа со Стабри вакцините? Би сакале да прашаме еве и каде отидоа парите за нов Клинички? Оставивме и пари и проект. Зошто за сите овие прашања, и Филипче и СДС молчат и не не демантираат? Затоа почитувани, мора да има и независно и реформирано судство. За луѓето блиски до СДС и ДУИ, да не бидат заштитени.