Екипата на Манчестер јунајтед одигра реми во првиот натпревар против Реал Сосиедад кој се играше во Сан Себастијан. Избраниците на Аморим први дојдоа до водство со голот на Зиркзе во 57. минута, но Сосиедад успеа да израмни со голот на Ојарзабал од пенал во 70. Минута. Во продолжение видовме по некоја прилика и на двете страни, но резултатотн е се промени.
Тешка задача во реваншот ќе имаат Мурињо и Фенербахче кои денеска претрпеа пораз од Ренџерс со 1-3. Уште во седмата минута гостите го отворија резултатот со голот на Десерс, израмни Џику во 30-тата минута, но до крајот на полувреме Черни се погрижи за нова предност на шкотскиот состав. Во вториот дел стрелецот Черни уште еднаш се запиша во листата на стрелци за конечни 1-3. Во преостанатите две средби Лион исто така со 1-3 беше подобар од Лион, додека АЗ Алкмар со 1-0 го совлада Тотнем.