– Во САД се одржаа стотици антивладини протести против власта на претседателот Доналд Трамп. Од Вајоминг до Вашингтон и од Мисисипи до Менхетен, протестите вчера се одржаа под мотот „50501“, назив на децентрализирана иницијатива започната на социјалната мрежа Reddit, чија цел беше организација на протести во сите 50 сојузни држави кои требаше да се одржат на 5 февруари. Според портпаролот на движењето, тоа се продемократски активисти кои се борат против прекумерна извршна власт со ненасилен отпор. Протестите на 5 април се одржаа под мотото „Рацете подалеку“. Вчерашните протессти се совпаднаа со 250-годишнината од почетокот на Американската револуционерна војна. Наместо класични демонстрации, организаторите повикаа на „ден на акција“, за потсетување на лошата имиграциската политика, економската нестабилност и кратењето на федералната работна сила. Во рамкоте на протестот имаше работни акции за чистење населби и собирање храна и производи за хигиена за донации.
Hundreds of Anti-Trump Protests Around the Country Today!
There are literally millions of people protesting Trump’s Presidency today all across America as part of the grassroots 50501 movement.
From New York City to Washington DC, Chicago, Hartford, St. Paul, Phoenix, and… pic.twitter.com/8JGFkENZTC
— Ed Krassenstein (@EdKrassen) April 19, 2025
На Националната алеја во Вашингтон се собраа илјадници демонстранти со барање за враќање на Килмар Абрего Гарсија, кој е депортиран во Ел Салвадор. Протестот се спои со штрајкот на вработените од Бирото за заштита на потрошувачите, чиј персонал беше скратаен за 90 отсто. Цел на критики беше Илон Маск и неговата служба ДОГЕ. Имаше и контрапротести, но тие не беа пречка главните протестите да поминат мирно, иако имаше апсење на демонстранти поради наводни напади врз полицијата. На други локации се одржаа протести пред Белата куќа и резиденцијата на потпретседателот Џеј Ди Венс, додека организаторите истакнаа дека заемната помош е начин за отпор и солидарност. Масовни протетсти вчера се одржаа и во Њујорк, Лос Анџелес и уште неколку градови.