Фудбалерите на Реал Мадрид убедливо славеа против Манчестер сити и вечерва со победа од 3:1 го потврди пласманот во следната фаза каде што оди и ПСЖ кој го прегази Брест со 7:0. Вечер за паметење имаше Килијан Мбапе кој постигна хет-трик. Првиот гол Французинот го постигна уште во четвртата минута, а по половина час веќе беше 2:0. Со предност од 2:0 „кралевите“ заминаа на паузата и во вториот дел беше јасно дека „граѓаните“ се пред елиминација бидејќи на првиот натпревар беа поразени со 3:2. Мбапе хет-трикот го комплетираше на истекот на еден час игра, додека утешниот гол беше дело за гостите беше дело на Нико Гонзалес.
ПСЖ кој претходно го победи Брест со 3:0 вечерва славеше уште поубедливо и со вкупни 10:0 оди во осминафиналето. Стрелци вечерва беа Витиња, Дуе, Мендеш, Рамош, Баркола, Кварцхелија и Мајлулу.