Изминатата вечер фудбалерите на Интер Мајами славеа победа од 2-1 над Филаделфија, а во овој натпревар гол постигна и Лионел Меси кој имаше и посебен поздрав до Новак Ѓоковиќ. Тимот од Флорида стигна до водство во 23. минута кога погоди Тејлор, додека Меси погоди во 57-та минута. Веднаш по постигнатиот гол Меси изведе движење како да удира форхенд сакајќи веројатно да го поздрави Ѓоковиќ.
🚨 احتفالية الأسطورة ميسي 😂🏓 pic.twitter.com/RszCx0IXgV
— Messi World (@M10GOAT) March 30, 2025
Меси и Ѓоковиќ еден ден претходно се сретнаа по полуфиналето на Новак во Мајами и си разменија подароци.