Рашела Мизрахи и ДПМНЕ се фатени во голем скандал, како ги лажеле македонските граѓани за Онкологија, како криеле извештаи за политички поенти. Откако јавноста ја дозна вистината и ги виде документите што претседателот на СДСМ Венко Филипче ги презентираше, ВМРО-ДПМНЕ очајнички се обидува да избега од одговроност. Наместо да ги признаат сопствените лаги и да се извинат, повторно гледаме обиди за нови манипулациии. Фактите се јасни: Документите потврдуваат дека стручните комисии биле формирани и работеле. Шестмесечните извештаи постоеле и биле подготвувани.
ВМРО-ДПМНЕ и Мизрахи свесно манипулирале со јавноста тврдејќи спротивно. Вистината не може да се сокрие. Врз маката на пациентите на Онкологија ДПМНЕ терала политиканство, без грам човечност и лажела на големо. Додека Филипче со факти ја расчистува сликата и помага во истрагата за Онкологија, ВМРО-ДПМНЕ прави сè за да ја прикрие сопствената злоупотреба. СДСМ очекува оставка од Мизрахи и бара Обвинителството да покрене истрага зошто овие документи досега биле криени. Мора да има одговроност за овој голем скандал. Истовремено, очекуваме целосната истрага за Онкологија да ја утврди одговорноста и сите инволвирани во скандалот да одговараат.