По проверките , министерот Панче Тошковски призна дека се точни информациите објавени утррово од СДСМ дека братот на градоначалникот на Гази баба Стефковски на 20 ти април во центарот на Скопје наместо дозволените 50 км.на час возел со 88 км и дека сообраќајци го стопирале. Проверивме точно е рече министерот и додаде дека тоа не е се и дека имало и пострашно. Додека полицајците ја пишувале пријавата за возачот Деан Стефковски тој се јавил на началник во полиција кој на телефон им наредил да го ослободат а кога сообраќајците му рекле дека пријавата е веке пополнета им рекол ок смеенете го неговото име во неа на име на друго лице.
Тие така и сториле кажа Тошковски и рече покрај прекршочата за возачот од 300 евра и одземање на дозволата на 3 месеци а за началникот ке поднесат кривична пријава за злоупотреба на службената должност. Тошкoвски повтори дека веќе кажал дека нема толеранција за никој кој и да е. Скандалот се случува во очи на утрешната интерпелација која му ја поднесоа од Левица а ја подржа СДСМ дека работи селективно особено со расчистување на вината за трагедијата во Кочани за која уапси 60 лица кој се поранешни но не и актуелните кои тој ги поставил.