Во 10 епизода на Митови и факти ви го претставуваме Емир Хасановиќ, кој како млад, образован и пред сè модерен човек, донесе нова свежина во политичката дебата во Македонија.
– Имате сега масовен човек, којшто сака политиката да ја сведе натпревар за популарност. Што ќе кажам јас, што ќе ти биде убаво на душичката, без разлика дали тоа е изводливо или добро. И таа неодговорност како да кажам го разводнува тој суштински дискурс, а за жал бидејќи нашиот систем е толку кревок, го немаме тој луксуз сега да се релаксираме. Ние сега треба да сме во зенит, да градиме, да правиме, да ресистемизираме, да наоѓаме како да ја спречиме оваа бела чума којашто ни го уништува секое ткиво – вели Хасановиќ. Хасановиќ е експерт за безбедност и стратегиски комуникации, работи како консултант за меѓународни корпорации, а образованието го стекнал на престижни универзитети во САД.