Мицкоски од престижниот универзитет Џон Хопкинс/Фото: Влада на РСМ
„Ние нема да може да бидеме спремни да ги отпочнеме преговорите ако не вметнеме неколку стотина наши граѓани во Уставот, што значи дека тоа е дел од бугарското малцинство во Македонија. Кој може нам да ни гарантира дека ова е последно барање? Во судот за човекови права во Стразбур, имаме 14 пресуди кои велат дека правата на македонската заедница во Бугарија се повредени. И тука се поставува логично прашање, чии права се повредени?!, напиша премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил презентирајќи го видеото од вчера од предавањето на престижниот Универзитет Џон Хопкинс во Балтимор, каде покрај на темите важни за Македонија, се осврна на повеќе теми од интерес на регионот и пошироко.
Премиерот Мицкоски се осврна и на ветото на Бугарија. Тој истакна дека треба да се разговара за вистински добрососедски односи, но тие да бидат двонасочни, македонските граѓани премногу жртвуваа за европската перспектива и дека е доста со понижувања.„Ние не сме политичари полни со наводи за криминал и корупција какви има во регионот. Ќе ги штитиме нашите интереси, подготвени сме да разговараме со аргументи, да ги презентираме истите, да видиме чии аргументи ќе преовладеат. Македонските граѓани за европската перспектива дадоа како никој досега“, изјави Мицкоски.