Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најмалку три пати се сретнал со осомничениот убиец на Вања Ѓорчевска и Жежовски Панче, Љупчо Палевски, Палчо, пишува Инфомакс.
За средбите има и сведоци кои се подготвени да говорат јавно и да објаснат за што се разговарало. Меѓу другото и самиот Палевски во неколку наврати на јавни настапи и самиот кажуваше дека се среќавал со лидерот на опозицијата со кој меѓу другото договарале формирање на коалиција и заедничко политичко делување, но и делување во рамки на политичкото подземје.
Мицкоски на прашање на Инфомакс одби да одговори колку пати се сретнал со Палевски и за што се разговарало на тие средби. И по завршување на пресот и по инсистирање на нашата екипа да одговори на прашањето Мицкоски побегна од камерата на Инфомакс.Инаку неофицијалните информации говорат дека Палевски и неговата група можно е да имале поинаква цел во своето делување од изнуда на пари од семејеството, затоа што сите информации говорат дека веднаш било ликвидирано без да биде побаран никаков поткуп.