радоначалникот на Бутел, Дарко Костовски сподели порака од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски до лидерот на ДУИ, Али Ахмети.„Точно знам Али што правиш со твоите соработници и твоите бандити во Бутел, кои пто се собираат во еден стан во Топанско поле, наоружани до заби. точно знам кој ги којнтролиа твој соработник ,оној истиот што уживаше во претседателскиот апартман во еден луксузен хотел во Истанбул предм ногу години. Точно знаеме што правите и што се обидувате да направите во деновите што следат“, истакна Мицкоски.
На оваа порака се надоврза Костовски, кој нагласи дека времето на бандитите во Бутел истече.„Времето за бандитите во Бутел истече, периодот во кој хараа (2017-2021) заврши. Истиот ќе остане запаментен како најтемен период за оваа убава Општина.Моите принципи беа јасни пред локалните избори, уште појасни по нив. Додека пак најјасни се принципите на претседателот на ВМРО Христијан Мицкоски, премиерот кој ќе биде запаметен како предводник на фронталната борба со организиран криминал и банди.Би сакал да потенцирам, ова е ВМРО, тука стравот исчезнал пред повеќе од еден век.Да живее Македонија !“, напиша тој на фејсбук.