25.8 C
Скопје
06/05/2025 14:29
МАКТЕЛ

     

(ВИДЕО) Мицкоски: Јазикот е нашиот бедем и неспорен идентитет, како премиер нема да отстапам од нашето цивилизациско право да говориме на македонски

      

„Јас се чувствувам како Македонец и сакам да бидам таков“, напиша Крсте Петков Мисирков.
„Јазикот е нашата татковина“, ни остави како завет Блаже Конески. Овие реченици не се случајни.
Тие се крвта што тече низ телото на една нација која знае што е, што сака и што сонува. Пред осумдесет години, на оваа почва, се кодифицираше македонскиот литературен јазик. Тоа беше повеќе од административен чин. Тоа беше признавање на една длабока, искрена, долга и тешка борба на еден народ за свое име, свој израз и своја самобитност. Оваа кодификација не произлезе преку ноќ. Таа беше плод на децении работа и истрајност на големи луѓе и на генерации интелектуалци, учители, поети, новинари, читатели… Секој од нив вложи збор, мисла, срце…
Македонскиот јазик во првата половина на 19 век се поклопува со просветителството, односно со погледите за јазикот на: Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ и Теодосиј Синаитски.

Нивни продолжувачи се учебникарите, кои го поставуваат прашањето за литературен македонски јазик: Ѓорѓија Пулевски, Партениј Зографски, Шапкарев и Џинот. Сите овие луѓе се грамадни големини кои ги поставуваат темелите на нашето идентитетско обележје, нашиот јазик. Во 1945 година, вековниот, повторувам вековниот македонскиот јазик стана официјален. И од тој момент почна неговата институционална, културна и меѓународна изградба. Денес, македонскиот јазик живее не само во Скопје, Битола, Штип, Охрид или Струмица. Тој живее и во Торонто, во Мелбурн, во Виена, во Чикаго и во Берн. Македонскиот јазик живее во мислата на секој Македонец каде и да е.
Живее во децата кои го учат од бабите и дедовците, во македонските училишта во дијаспората, во катедрите за македонски јазик и книжевност на универзитетите во Европа и светот. И токму тие луѓе, оние што се далеку, но чуваат јазик, заслужуваат голема почит. Да им се обратам токму ним:

   

Драги наши Македонци, Продолжете да го пренесувате јазикот и на вашите поколенија. Продолжете да го зборувате, да го пишувате, да го сакате … Вашиот труд е нераскинлив дел од нашето национално ткиво. Вашето „добро утро“ во Торонто и „добра ноќ“ во Перт имаат исто значење како и тука, во Македонија. Ние ве гледаме, ве слушаме и ви благодариме. Почитувани, Јазикот не е нешто што се чува во витрина. Тој мора да се говори, да се создава, да се развива. Затоа токму младите генерации се најголемата надеж. Наша обврска е да им овозможиме соодветно образование, современи наставни материјали, јазични платформи и средини кои ќе ги поттикнуваат да го изучуваат, сакаат и негуваат македонскиот јазик. Македонскиот јазик треба да биде дел од секојдневието, но и дел од иднината. И пред да продолжам дозволете да испратам порака за важноста за зачувување на јазикот. Во 21 век судбината на малите народи е постојано да се потврдуваат, борат и држат до своето право на идентитетско обележување. Најмоќните пропаганди се тие кои удираат по идентитетските обележја.

И неретко ние како нација сме ги имале таквите удари, а болката е поголема кога тие доаѓаат од домашните луѓе кои ваму или таму, поради разноразни лични или лукративни интереси ќе оспорат или невнимателно ќе внесат сомнеж кон некоја историска вистина која нас не потврдува како народ и нација. Јазикот е нашиот бедем и неспорен идентитет, и јас како премиер нема да отстапам од нашето цивилизациско право да говориме на македонски, да се претставувам на македонски, да се радуваме, тагуваме и да пееме на нашиот многувековен, ќе повторам многувековен македонски јазик. Тоа го правеле нашите дедовци, тоа ќе го прават и нашите деца. Затоа на многумина ќе им засметаме, на неколкумина ќе им бидеме пречка, но секогаш знам дека работам за моите граѓани и нашата заедничка татковина. И тука не смееме, и не сме сами. Дозволете ми во оваа прилика да изразам почит и благодарност до сите институции и поединци кои го посветиле својот живот на македонскиот јазик: До Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, кој речиси осум децении ја носи улогата на јазичен стражар и научен столб на нашиот јазик. До Македонската академија на науките и уметностите, чии проекти, речници, правописни норми и стручни трудови се незаменливи.

До Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и сите универзитетски катедри за македонски јазик – генератори на знаење и гордост. До Министерството за образование и наставниците што го пренесуваат јазикот на новите генерации, исправен, богат, достоинствен. До издавачите, поетите, преведувачите, медиумите, кои му даваат живот на јазикот во сите негови облици. Драги пријатели
Владата ќе продолжи да инвестира во македонскиот јазик, преку образовни реформи, дигитални проекти, речници и стандардизација. Да поддржува издавачи, медиуми, писатели и наставници.
Да ги зајакнува институциите како Институтот „Крсте Мисирков“ и катедрите во земјата, но и странство. Да вложува во програми за изучување и промоција на јазикот преку нови технологии и меѓународна соработка. Да им овозможи на младите нови форми за изразување преку јазикот, и во книжевноста и во јавниот живот. Почитувани пријатели, Македонскиот јазик не е само минато. Тој е мост до иднината. Затоа, овој јубилеј нека не биде само момент на сеќавање, туку и миг на будење.
Миг кога повторно си кажуваме – „ова е наше, ова е вредно, ова е вечно“. Нека живее македонскиот јазик! Нека ни е честита 80-годишнината од неговата кодификација!“

  

Најново

Koстадиновски од Букурешт: Силата на аргументите ја прават одлуката на Судот авторитетна

Sase Ivanovski

Јовчевска-Михајловска: Верувам во капацитетот на нашите ученици и сум убедена дека можат да ја положат матурата без проблем – со сопствено знаење, труд и искрен пристап

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Три нови инвестиции во зоната во Штип со повеќе од 1000 нови вработувања, Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на подобрување на стандардот на граѓаните

Sase Ivanovski

Генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев, на средба со граѓани во Илинден: „На локалните избори носиме нова енергија и одговорност!“

Sase Ivanovski

Шукова: Цените постојано растат, а нашите граѓани имаат најниски плати во регионот

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС уште не се огради од функционерот фатен со дрога, Филипче брани нарко трговија

Sase Ivanovski

Стојаноски: На 1200 локации до крајот на оваа година ќе се гради во рамки на јавниот повик за финасирање на инфраструктурни проекти од Владата предводена ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев, на средба со граѓаните во Велес: „Локалната власт мора да биде сервис, а не господар на граѓаните“

Sase Ivanovski

Формирана Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Струмица: Демократијата во партиите е предуслов за демократско општество

Sase Ivanovski

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение

Sase Ivanovski

Трипуновски: Уште денеска ќе биде пуштена водата, земјоделците да бидат спокојни

Sase Ivanovski

Заврши средбата Мицкоски – Таравари без договор. До крајот на месецов ќе сме дознаеле си оди ли или не Таравари од Владата

Sase Ivanovski

Израелски министер повика на „изгладнување до смрт“ на Палестинците во Појасот Газа

Sase Ivanovski

Федерален апелациски суд го отфрли барањето на Трамп за одземање на статусот на илјадници мигранти

Sase Ivanovski

Масовен напад со дронови врз Москва, затворени аеродромите

Sase Ivanovski

Шојгу: НАТО и ЕУ се подготвуваат за директен воен конфликт со Русија

Sase Ivanovski

Холивуд запрепастен од најавата на Трамп за царини на филмови снимени во странство

Sase Ivanovski

Власта во Србија е против вонредни парламентарни избори, студентите добиваат поддршка од опозицијата за барањето за распуштање на Собранието

Sase Ivanovski

Оризопроизводителите го блокираа магистралниот пат во селото Облешево, незадоволни се од состојбата пред почетокот на сеидбената сезона

Sase Ivanovski

Еднократна финансиска помош за пензионерите од Гази Баба со пониски пензии

Sase Ivanovski

Јаневска: За да се задржат студентите, се подготвува нов закон за високо образование со модерни студиски програми

Sase Ivanovski

Хамас: Преговорите за прекин на огнот во Газа немаат смисла во оваа фаза

Sase Ivanovski

Израел одобри план за заземање на Појасот Газа

Sase Ivanovski

Американците и Европејците веруваат дека Третата светска војна е близу

Sase Ivanovski

Четири Пулицерови награди за „Њујорк тајмс“, три за „Њујоркер“

Sase Ivanovski

Стојановски: Резултатите на локалните избори ќе покажат дали има потреба од предвремени парламентарни

Sase Ivanovski

Берлин ќе го поддржува Киев се додека е потребно, порача Шолц на крајот од својот мандат

Sase Ivanovski

Сојузниците го враќаат системот „Патриот“ повторно на маса за Киев

Sase Ivanovski

Кој е „романскиот Трамп“? Сака да земе делови од Молдавија и Украина, не ги сака Русите

Sase Ivanovski

Трифун Костовски: Дефектен плурализам

Sase Ivanovski

Сплиќани покажаа нечовечност кон жртвата Сашко. Го испратија со УАААА и свирежи

Sase Ivanovski

Русија ги нападна Одеса и Харков пред најавеното примирје од Путин

Sase Ivanovski

Мерц за шест гласа не успеа да биде избран за канцелар во првиот круг гласање

Sase Ivanovski

Осомничената антикорупционерка отфрлила и пријави за случајот „Адитив“

Sase Ivanovski

Трамп и Ердоган телефонски разговараа за Украина, Сирија и Газа

Sase Ivanovski

Шок во Бундестагот – Мерц не е избран за канцелар во првиот круг

Sase Ivanovski

Николоски: Преговараме со „Виз ер“ да ја отвори линијата Будимпешта – Охрид

Sase Ivanovski

Tриесет и четири години од загинувањето на Сашко Гешовски – прва жртва при распадот на Југославија

Sase Ivanovski

Левица: Тошковски дели тендер од 500.000 евра на фирма која ДПМНЕ ја обвинувало за корупција

Sase Ivanovski

Обвинение за 59-годишник кој во Чаир изврши полов напад врз малолетник

Sase Ivanovski

Уапсен е Грк на „Табановце“, во возилото му е пронајдена марихуана

Sase Ivanovski

Нивото на водата на Охридското Езеро е 26 сантиметри под просекот за месец мај

Sase Ivanovski

Работна група на МОН, СОЗР и УКИМ: Ќе ги отстранува пречките за да продолжи изградбата на објектите за ФИНКИ и ФФК

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС лицемерието на сцена, откако го покачија ДДВ на околу 1500 прехранбени производи, сега лијат крокодилски солзи за негово укинување

Sase Ivanovski

Кривична пријава поранешен директор на Здравствен дом Куманово за злоупотреба на службената должност и овластување

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода кумановец затоа што бил затекнат при обид да изврши кражба и во неговиот дом била пронајдена дрога

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Посебен режим на сообраќај во Скопје

Sase Ivanovski

Лишен од слобода државјанин на Република Грција, во неговото возило се пронајдени цигари и тутун без документација

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Средба на министерката Димитриеска-Кочоска со турскиот министер за трезор и финансии Шимшек – Договорено интензивирање на соработка меѓу двете министерства

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕУСАИР Форум на Крит – Муртезани: „Преку соработка и поврзаност до заедничка европска иднина“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Филипче: Македонскиот јазик е нашиот идентитет и никој не може да ни го одземе

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Над 1000 нови вработувања најавува премиерот Мицкоски, интензивирана соработката во областа на царината меѓу Македонија и Турција, поддршка за општините од источниот регион

Sase Ivanovski

Си Џинпинг: Кина и ЕУ се стратешки партнери

Sase Ivanovski

За 4,4 проценти поскапеле угостителските услуги на годишно ниво

Sase Ivanovski

Кардиналите пристигнаа во Ватикан пред утрешниот избор на нов папа

Sase Ivanovski

Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование ќе продолжат да се градат откако ќе биде направена стручна анализа

Sase Ivanovski

Имаат скоро 80 пратеници и воспоставиле коалиција меѓу мајсторот и чиракот, вели Мурати од Европскиот фронт

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведено лице од дебарско, управувал возило со 2,41 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

Герасимовски: Доделуваме 10 илјади денари за возачки испит на младите, безбедноста во сообраќајот е најважна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 24 Анализа – Ќе биде ли доведен во прашање и легитимитетот на Вреди?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Аргумент плус – Разговор со Павле Трајанов

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) “На кавга со Иван“ – Владимир Божиновски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Топ Тема: Мицковски на маса со Таравари, излезната врата од Илинденска се отвара?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 360 степени: Зошто сè уште не се применува Законот за македонски јазик

Sase Ivanovski

Сообраќајот тековно и без застои

Sase Ivanovski

АКО СЕ ОВА ЦЕНИТЕ ВО ПРЕДСЕЗОНА, ШТО ЌЕ БИДЕ ВО СЕЗОНА? Хрватите удрија со цените

Sase Ivanovski

СИСТЕМИ ЗА ВЕНТИЛАЦИЈА ВО ОБЈЕКТИТЕ: Еве како можат да помогнат во случај на пожар

Sase Ivanovski

СЕЗОНАТА НА ОДЗЕМАЊЕ ТАБЛИЧКИ И ВОЗАЧКИ ВО ГРЦИЈА ПОЧНА: Еве што да направите ако останете без нив

Sase Ivanovski

ПАЦИЕНТИ ОД КОЧАНИ ДОЖИВЕАЛЕ НЕПРИЈАТНОСТИ НА АЕРОДРОМОТ ВО ИСТАНБУЛ Мицкоски ургирал кај Ердоган за да се среди ситуацијата

Sase Ivanovski

ЈАЗИКОТ Е НАШИОТ БЕДЕМ И ИДЕНТИТЕТ Нема да отстапам од цивилизациското право да говориме на македонски, порача премиерот

Sase Ivanovski

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд

Sase Ivanovski

Стојановски: Резултатите на локалните избори ќе покажат дали има потреба од предвремени парламентарни

Sase Ivanovski

Левица: Зад параван на „меѓународно претставување“, ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ повторно го злоупотребуваат државниот буџет за луксуз

Sase Ivanovski

Препознајте ги доматите кои се полни со хемија – обрнете внимание на овој дел

Sase Ivanovski

Лицата со дијабетес бараат од Владата за сите нив да бидат обезбедени модерни инсулински пумпи

Sase Ivanovski

Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше избркан од САД поради обид да влезе на вечера на Трамп со лажен идентитет

Sase Ivanovski

Телма -Министри некои и со сопругите, ген секот и портпарлот на владата. За кој од бројната делегација за Осака било платено,кој бил муфте,кој сам си платил

Sase Ivanovski

Студентите во Блокада во Белград бараат предвремени парламентарни избори

Sase Ivanovski

Пеколно лето ја чека Европа – топлотни бранови и суши!

Sase Ivanovski
Вчитувам....