Секогаш му велам дека личи на телохранител на Ердоган. А тој е тука малку да ме среди пред овие инсајдерите кои во град зборуваат дека ќе ме растурат, па барем да бидат уреден и пристоен, рече српскиот претседател за својот бербер Миша. Српскиот претседател Александар Вучиќ го повика својот бербер Миша да му ја поткастри косата пред состанок и објави снимка на Тик-ток. Вучиќ вели дека Миша со своите бркови потсеќа на телохранител на турскиот претсдател Реџеп Таип Ердоган. Видеото кое стана вирално на Тик-ток веќе ги доби првите коментари. Некои од помладите корисници прашуваат зошто берберот не направила фризура во стилот на „buzz cut“, „low taper“ или „middle cut“. Вучиќ, пак, изгледа се грижи за тоа дали му е побелена косата.
– Во 12 часот имам состанок, па претходно ја искористив шансата да се потшишам, Миша е мојот бербер, или како што јас велам ‘шишач’, тој дојде да ми ја уреди она малку седа коса што ја имам. Миша, имам ли седа коса? Мајка ми рече дека нејзе целата ѝ побелела. Јас секогаш го правам ова на работа. Не губам време. Миша е единствен ваков случај, тој е врвен професионалец. Тој е познат по брковите кои ги носи, изгледа точно како телохранителите на Ердоган. Секогаш му велам дека личи на телохранител на Ердоган. А тој е тука малку да ме среди пред овие инсајдерите кои во град зборуваат дека ќе ме растурат, па барем да бидат уреден и пристоен – рече српскиот претседател.