Импозантниот мост на реката Темза во Лондон, Тауер Бриџ накратко бил затворен откако маж се качил на оградата од мостот. Полицијата објави дека, помалку од еден час по пријавувањето на инцидентот, мажот „безбедно се спуштил“ и мостот повторно ќе биде отворен за сообраќај.
„Човекот безбедно се симна од оградата на мостот. Мостот наскоро повторно ќе биде отворен. Ви благодариме за трпението“, нагласија надлежните.
За време на инцидентот, мостот остана „затворен за сообраќај и пешаци“, а јавноста беше повикана „да ја избегнува областа колку што е можно повеќе“.
Според Скај Њуз, пожарникарите биле на местото на настанот и подигнале скала за да комуницираат со мажот, кој носел качулка. Инцидентот се случи само 24 часа откако еден човек се искачи на Биг Бен минатата сабота, каде што остана повеќе од 16 часа.