Навивачката група на Црвена зезда „Делије Север“ упадна на стадионот на Партизан на улицата Хумска и организираше палење факели под јужната трибина. Снимките од настанот се појавија на интернет и покажуваат група навивачи како палат факели и скандираат песни за поддршка на својот клуб, создавајќи импресивна атмосфера во центарот на „непријателскиот“ терен.
Оваа акција доаѓа само неколку дена по физичката пресметка меѓу навивачите на Црвена звезда и Партизан во Блок 21, а многумина го толкуваат овој потег како продолжение на конфликтот и еден вид порака до спротивната страна. „Делије“ веќе еднаш, веднаш по гореспоменатиот конфликт, упадна на стадионот преку ден и нацрта графити. Засега не е познато како навивачите успеаја незабележано да влезат на стадионот, со оглед на тоа што спортски објект од ваков тип треба да биде под постојан надзор. Обезбедувањето и надлежните служби сè уште не проговорија за инцидентот.
XX.05.2025🇷🇸Delije in Partizan stadium (south) after Grobari attacked them in pub, click here for more: https://t.co/ivEHkSL9ZV pic.twitter.com/9be7dgE25D
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) May 30, 2025