Нова снимка покажува пожар кој беснее во северен Крим по извештаите за експлозии околу воениот аеродром Џанкој во текот на ноќта. Снимките кои рано утринава кружат на социјалните мрежи од руски и украински извори покажуваат блесоци и експлозии, како и сирени кои свират во позадина.
Huge explosions can be seen in Russian-occupied Dzhankoy, Crimea. It is reported that the local airfield is compromised.
Source of videos: Telegram / Astra pic.twitter.com/JhIli2VcNo
— (((Tendar))) (@Tendar) April 17, 2024
Еден локален канал на Телеграм објави за „неколку силни експлозии“ кои започнале непосредно пред 4 часот по локално време, пред да избие пожарот. Патиштата околу воздушната база се блокирани, објави каналот. Џанкој е голем воен центар во кој се наоѓа еден од најголемите руски аеродроми на Крим. Тоа е клучна точка за снабдување на руските војници преку јужна Украина и линиите на фронтот.
Руските воени блогери на каналите на Телеграм го потврдуваат нападот и посочуваат дека е извршен со ракети АТАКМС. Русија и Украина се уште официјално не ги објавија нападите.