Tимот на Наполи се радуваше на победа во дербито од 30. коло во Серија А откако на свој терен со 2-1 го совлада Милан. Наполи со овој триумф остана во игра за шампионската титула бидејќи и по ова коло разликата со Интер е три бода. Победата домаќините ја обезбедија во воведните 20 минути кога ги постигнаа двата гола преку Политано и Лукаку.
Единствениот гол за Милан беше дело на Лука Јовиќ во 84. минута од средбата. За Милан ова беше трет пораз на последните пет натпревари и сега „росонерите“ се наоѓаат на деветтата позиција на табелата со девет бода помалку од четвртата позиција која обезбедува место во Лигата на шампионите наредната сезона.