По акциите за бојкот на маркетите и барањата за поголема заштита на потрошувачите, воведена е нова мерка за маркетите кои мора да ги објават цените на производите на нивните веб страни. Но, за дел од корисниците ова е само дополнителна обврска при пребарување на посакуваниот производ и негова споредба меѓу маркетите. Веќе неколку години функционира платформата Ценометар, која се обидува на едно место да ги собере сите цени од маркетите и да направи директна споредба по производи, но оттаму предупредуваат дека и натаму постојат повеќе замки за потрошувачите, како што се промени во пакувањата и количините при непроменети цени.
Исто така од Ценометар сметаат дека е потребна поголема контрола и спречување на монополското здружување при формирање цени на храната.
View this post on Instagram