Токму поради тоа што треба брзи реакции и кружење околу противник што полесно се прави на контролер. Во овој тип на игри парадоксот е што одредени делови од RPG Soulslike. Phantom Blade Zero е акционата RPG игра што ќе биде следниот најголем предизвик во Soulslike жанрот на игрите, токму поради враќањето на „perfect deflect“ опцијата што ја има во Sekiro a ja немаше во Wukong Black Myth игра на која потсетува оваа игра. Најновиот трејлер инволвира борба со голем непријател кој што е интересно дизајниран и целосен гејмплеј од борбата против „Fallen Hope“ убијците кои имаат водач што ги контролира како марионети и дизајнот на последната фаза може да се види во новиот гејмплеј трејлер наречен Year of The Snakе.
За Phantom Blade Zero имаме и претходeн напис каде фигурира кој може да ги прочитате тука. Тоа што е фактор за најдобро гејминг искуство е што оваа игра ќе биде искусена најдобро со контролер наместо со играње со тастатура и маус. Токму поради тоа што треба брзи реакции и кружење околу противник што полесно се прави на контролер. Во овој тип на игри парадоксот е што одредени делови од RPG Soulslike. Игрите одредени работи во играта се прават подобро со едниот начин а други со другиот начин. Ова е првиот трејлер воопшто и најавата за играта од пред година дена:
Играта е креирана од кинеското студио „S-Game“ кои моментално користат Unreal Engine 5 да ја комплетираат играта, и иако често знае да биде случај западниот свет да бара намалување на тешкотијата на играта како што беше случај со експанзијата на Елден Ринг – Shadow of The Erd Tree за која може да прочитате овде.
За Phanthom Blade Zero е најавено дека не само што нема да биде полесна, туку имаат намера и да ја направат потешка за западниот пазар. Во меѓувреме се уште во развој пред 5 месеци имаше и подобро дофатлив гејмплеј од играта во развој што изгледаше вака:
Исто така има и аниме базирано на Phantom Blade Zero:
Самиот трејлер за анимето и стилот има голема сличност со Devil May Cry серијалот. Иако оружјата овој пат во Phantom Blade Zero не се Катани – Катаната е јапонски а не кинески меч – протагонистот во играта користи флексибилен меч (како во филмот Crouching Tiger Hidden Dragon) што се витка и не се крши додека “борецот би бил попрво скршен пред да ја свитка кичмата” затоа што оваа игра според мое мислење ќе биде едиствената игра од овој тип што највеќе ќе се приближи на перфекцијата од игра Секиро, но не е сигурно дали ќе ја надмине. Пред 6 дена излезе и најнов 27 минутен гејмплеј (во 4К квалитет) на играта каде се покажува што следи по битката со бандата убијци од Year of the Snake трејлерот:
Но очигледно е дека графиката е одлична, движењата привлечни и ќе захтева многу повеќе вештина од сите други игри со нинџи, самураи и кинески воини кои се во најава. Така што возбудата и вниманието кај запознаените гејмери е уште поголемо одошто глобалната моментална слава на играта. Најавата е неодредена но иако е играта исполирана сега ја дотеруваат до перфекција и бегло е најавена за годинава но без конкретен датум на изглегување. Извор: Новинска агенција МЕТА