Најновиот пач за World of Warcraft The War Within, од новата втора сезона доаѓа со PvP и Mythic+ Dungeons, како и нов Raid – но најбитната каратеристика на овој додаток е што играчите на World of Warcraft ќе добијат хумористична верзија на Need For Speed серијалот со тркање со коли. За Need for Speed имаме посебни написи што може да ги прочитате тука и тука. Колите ќе бидат смешно направени и ќе може да се надоградуваат, менуваат и префарбуваат. И нормално ја имаат најубавата опција, а тоа е дрифтање со коли. Пачот е закажан за 25 јануари. Следното видео е детална анализа за што се носи патчот Patch 11.1 (Undermine(d)) :
Се на се следат огромни подобрувања на квалитетот на играта и многу интересни додатоци – Подземниот Скриен Град на Гоблините нуди цела палета на хумористични ситуации, а особено ако читате квестови и дескрипции на ајтеми, тогаш самата игра може да ви пружи и многу смеа – наспроти бесмислен grind. Целиот пач доста се потпира на хумор но воедно и дизајнот на босеви во новиот Рејд од роботчиња до дволични гоблини и чудовишта. Роботчињата што фигурираат во многу форми и намени се продолжение на Goblin Engineering професијата наспроти тоа што Алијансата има Gnomish Engineering – но било да сте хорда или алијанса со моменталниот лик што го играте -може да се употребат двете „школи“ со Gnomish Engineering повеќе се прават тринкети а со Goblin Engineering повеќе се прават експозиви и направи за уништување.
И двата пата се смешни и забавни. Најдобра професија за Hunter е неприкосновено Engineering дека нуди кул наочари за работа со механизми и правење пушки за Hunter Класата – а и “Hunterot” во овој пач добива можност да користи Bloodlust и кога нема извадено пет. Исто така ќе има измени и на марксмен специјализацијата како и побалансирани и подобрени карактеристики за сите класи. Се очекува овој пач не само да направи бум каков што е – туку и да го поплочи патот за експериментирање со нови модови во WoW што ја подобруваат и прошируваат играта кое пак уште повеќе ја зајакнува имерсијата во овој “дигитален свет” наречен World of Warcraft. Извор: Новинска агенција МЕТА