Во Белград студентите во блокада почнаа да се собираат на неколку места во градот пред протестот закажан за денеска во 16 часот. Првично беше закажан голем протест – 15-за-15 – пред Народното собрание во Белград но, студентите на ЕТФ најавија дека локацијата се менува од безбедносни причини и дека ќе биде кај Славија. Во меѓувреме тие одлучија – протестот сепак да биде пред Собранието, но бина да биде поставена и кај Славија.

Студентите во блокада се собираат на четири локации – Плоштадот на Републиката, Автокоманда, булеварот Крал Александар и кај кружниот тек кај општина Нов Белград, каде има и група земјоделци со трактори.

EPA-EFE
Демонстрантите најавија дека оттаму во колони ќе се упатат кон центарот на градот и додека траеја собирањата и подготовките – прават голема врева, скандираат „Пумпај“, свират и вувузели, носат српски знамиња и бројни транспаренти – „Барањата не се исполнети“, „Нашето лице е чисто, а вашето“.

EPA-EFE
Студентите кои од синоќа од разни правци пристигнаа во Белград со велосипеди, пеш или со јавен превоз беа пречекани од бројни граѓани.

EPA-EFE/
Зградите на српскиот Парламент и на белградското Собрание се опколени со метална ограда, околу нив има распоредено силни полициски сили во опрема за разбивање демонстрации. Редарите на студентите во блокада не дозволуваат пристап до Пионирски парк каде се сместени студенти кои сакаат да ја следат наставата. Паркот е опкружен од трактори поставени од вчера

Јавниот превоз во Белград е во прекин од утринава и нема да сообраќа до крајот на денот.
На повеќе места во центарот на градот се поставени резервоари за вода за пиење. Студентски групи ги блокираа факултетите во Србија од крајот на ноември, барајќи исполнување на четири барања – објавување на целата документација за реконструкција на Железничката станица во Нови Сад каде во ноември откако се урна настрешница загинаа 15 луѓе, отфрлање на обвиненијата против студентите и граѓаните приведени за време на протестите, поднесување кривични пријави против сите напаѓачи на студенти.
Snimio sinov prijatelj😎😎😎 pic.twitter.com/07ZoxEA6vL
— agw (@agw72718633) March 15, 2025