Српските фудбалери го играат реваншот од баражот за опстанок во А дивизијата од Лигата на нации против Австрија. Фудбалерите на двете репрезентации им оддадоа почит на лицата кои починаа во последниот временски период. Беше оддадена почит на 59-те загинати во трагедијата во Кочани, а коментаторот на РТС Александар Стојановиќ за време на едноминутното молчење не можеше да ги задржи емоциите во текот на преносот и правеше паузи во текот на говорот.
Беше оддадена и почит за поранешниот фудбалер и претставник на УЕФА, Душан Маравиќ, и за поранешните фудбалери Андрија Делибашиќ и Радиша Илиќ, и Вукашин Црнчевиќ, кој почина по четиримесечна битка станувајќи 16-та жртва на трагедијата при уривањето на настрешница во Железничката станица во Нови Сад.
Aleksandar Stojanović nije uspeo da zadrži emocije kada je bio minut ćutanja na meču Srbija – Austrija pic.twitter.com/I2eo4INKWm
— sportsscandals (@sportsscandals1) March 23, 2025