Во меѓувреме, налетале на полицајци на лице место, ги прашале што да прават, а тие само им рекле да пријават во 192. Кога пробале да дознаат со кого точно зборуваат, полицајците молчеле. После тоа, накратко разговарале со сопственикот на колата, му дале само усна опомена и си заминале за 30 секунди, без никаква казна или дополнителна акција. А најиронично е што таа кола не само што им смета на пешаците и велосипедистите, туку и го попречува целиот сообраќај на Орце Николов.
Поминале барем три полициски возила покрај неа, ама никој не реагирал, сведочат граѓани за Слободен печат. Дополнително, се обиделе да се јават и во полициската станица „Пролет“, ама нивниот број (02/3223410) цело време бил недостапен. По голем притисок од оваа група граѓани, по неколку часа блокирање, автомобилот конечно е преземен од Пајак-служба. Браво за реакцијата и настојувањето на нашиве совесни сограѓани!
View this post on Instagram