Ситуацијата е траорна, се слуша само плач и лелек, родителите се неутешни и се прашуваат како да продолжат да живеат без најмилите…Држат фотографии од свите најмили.
Насобраните бараат правда и го повикаа градоначалникот во оставка да се појави пред присутните и да не се крие. Протестот излезе од контрола во моментот кога толпата почна да го извикува името на градоначалникот и се упати кон општинската зграда.Полиција ја чува општинската зграда. Демонстрантите извикува: „Убијци, излезете“ и маваат со јајца. Маваат по вратата и го повикуваат градоначалникот да излезе.
Демолирано е и кафулето „Класик“ на сопственикот на кабарето „Пулс“ каде во пожар изгореа 59 луѓе, а над 150 се повредени. Фото:МИА