Ова не е единствен проект на владата поврзана со јавно мислење. На 19-ти март владата потпиша двегодишен договор вреден околу 390 илјади евра со Маркет Висион, а првото истражување на јавното мислење уште не е готово. Во тендерот беше наведено дека веднаш по потпишувањето, за 18 600 евра ќе биде осмислено и реализирано почетно истражување на јавното мислење за квалитетот на владините политики и ефикасноста на нивните спроведувања. -Во врска со Вашите прашања Ви посочуваме дека истражувањето не е завршено, сѐ уште е во тек и штом биде финализирано истото ќе биде достапно на јавноста, ни одговорија од владата.
View this post on Instagram