Парадоксалниот момент е што Marvel Rivals е екстремно успешна игра, а отпуштања обично се случуваат кога играта нема да успее. Гејмерите шпекулриаат и отворено се сомневаат во сѐ ова како “маркетиншки трик” дека бројот на играчи поради оваa нова контроверзија за играта драстично се искачи. Контроверзијата околу играта Marvel Rivals се создаде кога целиот западен девелоперски тим сместен во Сиетл заедно со извршниот директор, беа отпуштени од работа од студиото NetEase. Парадоксалниот момент е што Marvel Rivals е екстремно успешна игра, а отпуштања обично се случуваат кога играта нема да успее. Гејмерите шпекулриаат и отворено се сомневаат во сѐ ова како “маркетиншки трик” дека бројот на играчи поради оваa нова контроверзија за играта драстично се искачи. Во меѓувреме играта продолжи како ништо да не било и се најавени три нови супер херои од кои два веќе изглегоа како можни за играње, а и трет популарен лик ќе биде имплементиран во играта. Откривањето на ликот Блејд кој доправ ќе излезе се случи нон-шалантно низ трејлер за нов евент.
За време на евентот на најновата вампирска мапа ќе треба да го спасите Блејд којшто е заробен од Дракула. Комбинирањето на моќите на тимот од Fantastic Four ќе ја предводи оваа задача. Во основа се предвидува дека откако ќе го спасите Блејд на крај од евентот го добивате како карактер за играње. Претходно најавен лик кој го има сега во играта е The Human Torch. Овој лик да има премногу добри способности кои се екстремно корисни, покрај самостојните скилови неговата улти се вика “Супернова” и изгледа извонредно кога се прави. Воедно, торнадото кое што го прави Сторм од Икс Мен тимот, да се претвори во Огнено Торнадо што е огромно и деструктивно во самата игра.
Третиот „нов“ супер херој е The Thing од Fantastic Four лик кој и не е толку интересен но направен е во кул ново издание а способностите потсетуваат на Хулк, еве како ќе изгледа во самата игра:
Во разговорите кога има интеракција меѓу ликовите Hulk му вика на The Thing (што може да се прави во играта како дополнителни содржини): “Ќе имаме ли проблем ако сме во истиот тим?” хумористичен момент дека двата суперхерои се многу слични. За претходни написи за игри од Марвел може да прочитате овде. Оваа игра моментално е светски хит, особено добар фактор е што е сосема бесплатна за играње. Играта може да се симне и игра преку Steam. Извор: Новинска агенција МЕТА