Maкедонскиот атлетичар, Андреас Трајковски успеа да освои бронза на Балканскоот првенство во Србија откако денеска успеа да прескокне седум метри и 63 сантиметри во натпреварите во скок во далечина. Уште во првата серија Андреас скокна 7.57 метри, додека најдобриот скок го имаше во последната серија и тоа беше доволно за третото место. Златото го освои Божидар Сарабјуков од Бугарија со 8.12 метри, а среброто заврши кај Данило Дубина од Украина со скок од 7.92 метри. За Трајковски ова беше трет медал за Македонија на Балканските првенства во сала.