Обвинителството побара мерката притвор за неправосилно осудениот Васил Јованов, да му биде продолжена. Тие сметаат дека тој може да го повтори делото или да се даде во бегство. Адвокатот Сашко Дуковски се противеше на ваквата мерка и рече дека неговиот клиент не може да повторно да го стори истото дело. Јованов само кратко рече дека нема никакво барање.
„Предлагам мерката притвор да се одржи до ефективното издржување на казната заствор, поради исполнетоста на законските услови, односно поради фактот дека сѐ уште постои опасност од бегство на обвинетиот и постои основан страв дека ќе го повтори кривичното дело“, рече обвинителот Александар Маркоски.
Одговори и Јованов. „Поаѓајќи од воспоставената пракса на овој и другите судови и изрекувајќи на казна од вакво траење, му оставам на судот да се произнесе и да определи дали продолжувањето на притворот е потребно во смисла на одребите на законот, односно поради опасност од бегство. Апсолутно се противам за продолжување на притворот по изрекување на пресудата, односно повторување на делото. Се работи за кривично дело кое што не се врши секојдневно, а обвинетиот не може да го повтори ваквото дело“, рече Дуковски. На крајот, судот побара изјаснување и од Јованов. „Немам никакво барање“, рече Јованов