Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски, рече дека за пожарот под истрага се сопственици, менаџери, корисниците на пиротехниката, обезбедувачите. Коцевски рече дека барале мерки за обезбедување за 19-те новоосомничени лица.
„За четворица се бара притвор, за седум мерка куќен притвор во комбинација со забрана за остварување на комуникација, а за уште седум лица се бараат мерки на претпазливост, а еден осомничен не е ни во Македонија. Се испитуваа повеќе линии на одговорност“, рече Коцевски. Покрај тројцата градоначалници, основани сомненија има за пропусти и кај тројца градежни инспектори од општина Кочани кои не извршиле никаква инспекциска контрола на објектот, кој незаконски бил пренаменет во угостителски објект. Од Дирекцијата за заштита и спасување, осомничени се три лица, бидејќи низ годините ниту еднаш не спровеле мерки на набљудување, следење и инспекциски надзор, рече Коцевски. Коцевски посочи дека осомничени се двајца државни секретари, министер за економија и три службени лица кои работеле во сектор за угостителство и туризам кои работеле во Министерството за економија.
Покрај тројцата градоначалници, основани сомненија има за пропусти и кај тројца градежни
– Актуелниот министер за економија не е опфатен оти сопственикот не иницирал постапка за лиценца, додаде Коцевски. Осомничени се и четири инспектори од Пазарна инспекција. Коцевски откри дека проверките за директорите на Пазарната инспекција продолжуваат, бидејќи во нивни мандат работел клубот со фалсификувана лиценца, како и други лиценци кои се проверуваат.