8.9 C
Скопје
16/05/2025 19:35
МАКТЕЛ

     

(ВИДЕО) Обвинителството тврди дека обвинетите однапред го подготвувале убиство на Вања и Панче

      

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 21 мај откако денеска во Основен Кривичен суд Скопје заврши доказната постапка и се започна со дополнение на докази. На денешното рочиште дополнителни докази изведуваше Обвинителството помеѓу кои имаше докази за снимките од безбедносните камери кај Велибор Манев кои, според Обвинителството, покажуваат дека обвинетите однапред се подготвувале за убиство, а не само за киднапирање на Вања Ѓорчевска. На снимката што беше прикажана во Судот, видлив е моментот кога Манев става лопата во возилото „Рено Кангу“.

– На снимката од 24 ноември 2023 година во 4:29 часот, но реално време 3:29, се гледа како пред куќата на обвинетиот Манев стои обвинетиот Боре Видевски и чека. Манев излегува и се гледа дека од дворот на куќата излегува „Рено Кангу“ и во него влегува Видевски и се упатуваат во насока кон Велес. Овој дел од снимката веќе беше изведен и прикажан на главната расправа, а она што не беше изведено е следново. Откако возилото заминува во насока на Велес, на снимката се гледа како после една минута и нешто, во 3:32 часот истото се враќа назад и застанува пред дворот. Обвинетиот Манев излегува, се упатува кон дворот, односно кон куќата и за кратко време, во 3:34 се враќа во возилото и во десната рака држи лопата и ја внесува во возилото. Седнува на возачкото седиште и заминуваат кон Велес. Ова е датумот 24.11.2023 година, кога е направен првиот обид за грабнување на детето Вања Ѓорчевска, рече обвинителката.

   

Во изјава за медиуми, обвинителката Ана Стојковиќ, појасни дека снимката била изнесена во одговор на тврдењата на обвинетите во нивните искази дека тие всушност немале мотив да убиваат, туку тргнале да грабнуваат луѓе. – Но, тоа што тие дополнително се враќаат само за да ја стават лопатата и да ја земат со себе односно ја имаат истата заборавено, укажува токму спротивно од нивните искази, дека тие веќе биле подготвени за убиство. Од таа причина беше изведен и тој како доказ. Не дека ние претходно го немавме. Знаете дека и претходно беа изведувани докази дека тие во своето возило носат лопати, па се враќаат, па ја вадат лопатата. Меѓутоа, ова беше во насока на побивање на нивниот таканаречен мотив даден во одбраната. Апсолутно никако не е поврзано со вината која што стои кај обвинетиот Александар Ѓорчевски затоа што тој никако ниту е обвинет за убиство, туку за помагање при грабнување на детето, рече таа.

На прашање дали сѐ уште го бараат пиштолот, таа одговори дека имаат доволно докази кои укажуваат на вината на сите пет обвинети. Во врска со несовпаѓањето на чаурата, Стојковиќ појасни дека е стандардна процедура кога Обвинителстовто дава наредба за да се направи вештачење на одредена чаура, таа чаура се спореди со чаурите во системот на МВР, на околност да истата соодејствува со некое оружје или чаури коишто се пронајдени или оружје искористени при кривично правен настан. -Бидејќи тоа е стандардна процедура во самото вештачење не е наведено таа околност бидејќи не е дојдено до резултати кои што се потврдени односно чаурата при компаративна анализа покажала дека не се совпаѓа со некоја оружје коешто било изведено при кривично правен настан ни со оружје за која што чаура имаат податоци во МВР. Тоа е стандардна процедура и затоа не е наведно воштачењето. Но, бидејќи обвинетиот Палевски инсистираше, манипулираше со јавнсота и со судот дека такво вештачење намерно не е направено Обвинителството со цел да ги побие таквите наводи, ете, се обрати и до МВР до двете лаборатории. Тоа што цела јавност го знае беше потврдено дека доколку и не постои оружјето за да можат да се спореди или доколу не постои испалување од оружјето при не можеме да го поврземе со чаурата со оружјето од коешто е испалено, рече обвинителката.

Прашана дали сѐ уште остануваат на ставот дека мотивот е користољубие, обвинителката Жаклина Трајковска одговори потврдно. -Апсолутно во случајов се работи за користољубие. Од самиот почеток до извршувањето на делата, обвинетите заедно се договорале и се кородинирале да ги преземат сите дејствија со цел да си остварат користољубие. Со убистовто на Вања се докажува дека сите заедно ги превзеле дејствијата, само заради таа причина, рече Трајковска. Причината поради која што не е побарано било каков износ на парични средства или нешто друго, како што дополни „очигледно било во контекст на целта која што сакале да ја остварат, а не дека нема користољубие во случајов“. Претходно, Обвинителството презентираше дека обвинетиот Боре Видевски не бил на своето работно место на денот на грабнувањето и убиството на Вања и Панче, а воедно нема достапни податоци за извршено пробно испукување со оружјето кое го поседувал обвинетиот.

Во изјава за медиуми, бранителите на Палевски и Видевски побараа вештачење на пронајдената чаура.  Адвокатот Бојан Манев го доведе во прашање недостигот на траги за испукување од оружјето на Боре Видевски во базата на МВР, сметајќи го тоа за контрадикторно. Тој тврди дека има потврда за легалноста на оружјето, но без записи за испукување, што го нарекува пропуст или намерно занемарување. Адвокатот Јовица Страшевски побара вештачење на чаурата пронајдена на местото на убиството на Панче Жежовски, критикувајќи го Обвинителството што не ги истражило сите регуларни пиштоли. Според извештаите, чаурата не се поклопува со постоечките податоци, а иако Видевски има легална дозвола за оружјето од 1998 година, нема записи за испукување. На почетокот од денешното рочиште, во делот на доказна постапка, Палевски презентираше службени белешки од видео-докази од камерите на Хотел Романтик, кои, според неговото образложение, потврдуваат учество на три лица, а не четири во грабнувањето на Панче Жежовски. Главната расправа ќе продолжи со дополнение на доказната постапка и на 21 мај во 10 часот.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на обвинетиот Александар Ѓорчевски, најави дополнение на доказната постапка во делот за имотната состојба на Александар и постапката која се води за денационализација за значителен имот во Кучково. Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.ар/са/

   

Најново

Вонреднa ситуација во болницата во Кочани, “Најмногу од сѐ ни недостасува медицински персонал” вели директорката

Sase Ivanovski

Судењето за предметот „Адитиви“ ќе се одржи во новата судница во Затвор Идризово

Sase Ivanovski

Москва „генерално задоволна“ од преговорите во Истанбул, договорена размена на илјада воени затвореници

Sase Ivanovski

ЕУ со силна поддршка за Украина од Тирана

Sase Ivanovski

Денко Малески: Македонската влада да го осуди геноцидот во Газа

Sase Ivanovski

Се враќаат по лопaтата оти ја заборавиле, тоа е јасен доказ дека планирале убиство на Вања, рече обвинителката

Sase Ivanovski

Недостастува кадар во болницата во Кочани, а во моментов кај повеќе од 70 повредени се прават преврски

Sase Ivanovski

Скопјанец осомничен за разбојничка кражба, го претепал чуварот при бегство од објектот

Sase Ivanovski

Валентина Вурмо: Палчо ,,пука” ќорци со пиштолот на каратистот Видевски

Sase Ivanovski

Преговорите во Истанбул завршија: „Русите им се заканија на Украинците со вечна војна“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пратеник на СДС се качи на кровот на Собранието и се закануваше дека ќе скокне – шокирани минувачи ја гледаа сцената со неверување

Sase Ivanovski

СДСМ: Контролираните судии од тефтерчињата на ДПМНЕ се срам за македонското правосудство

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Петрушевски: Срамна пресуда за Модуларната во Тетово, спротивна на правото и правдата, а во согласност со волјата на Филипче и Ахмети

Sase Ivanovski

ЈП Комунална хигиена-Скопје: РЕАКЦИЈА НА ИЗЈАВА НА ДЕЈАН МИТЕСКИ

Sase Ivanovski

(ФОТО) Министерство за внатрешни работи: Претрес во Скопје поради компјутерски фалсификат, неовластено навлегување во компјутерски систем

Sase Ivanovski

ФОРМИРАНА ИППГ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА РАЗВОЈНА СТРАТЕГИЈА

Sase Ivanovski

МТСП: Потпишан Меморандум за соработка помеѓу министерствата за здравство, образование и социјална политика за рана интервенција во детството

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Sase Ivanovski

Поворно „Книга во секој дом“ со „Матица македонска“ – Триста наслови со попуст до 70 проценти, средби со писатели и промоции на нови изданија

Sase Ivanovski

Средба на претседателот Гаши со австриската министерка за надворешни работи Мајнл-Рајзингер

Sase Ivanovski

(ФОТО) Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода косовски државјанин, пренесувал облека од познати марки без документација

Sase Ivanovski

Министерство за здравство: Четворица пациенти од пожарот во Кочани се враќаат во земјава, во странски медицински центри остануваат уште 11 пациенти

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Гаши: Парламентарната соработка – мост на поврзување со Австралија

Sase Ivanovski

Извештај во сенка за имплементацијата на политиките за Роми во Северна Македонија

Sase Ivanovski

Обраќање на МЕП Муртезани на 9-от Балкански економски самит во Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Ова е голем ден за нашата држава, многу малку земји во светот имаат договор за стратешко партнерство со земја како Велика Британија

Sase Ivanovski

РК Алкалоид замина за Атина каде што во недела ќе го игра своето прво финале во ЕХФ Европскиот Куп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Договорот со Британија ќе донесе инвестиции од шест милијарди евра, тврди Мицкоски

Sase Ivanovski

Мицкоски од Тирана: Историски ден за Македонија, со Британија потпишуваме договор за стратешко партнерство

Sase Ivanovski

Што пријавил Петар Богојески: Криптовалути од над милион евра, сметка во Бугарија и акции во банка во САД

Sase Ivanovski

КАКО Е МОЖНО МВР ДА НЕМА ПОДАТОЦИ ЗА ПИШТОЛОТ? Адвокатот на Боре Видевски прашува дали некој не сака да ги пребара архивите

Sase Ivanovski

ВУЧИЌ ЈА ОТВОРИЛ ТЕМАТА ЗА ГАСНОТО ПОВРЗУВАЊЕ СО МАКЕДОНИЈА ВО ТИРАНА Српскиот лидер вели дека на самитот се разговарало за инфрастуктурни проекти

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МОСКВА Е ЗАДОВОЛНА ПО СОСТАНОКОТ ВО ИСТАНБУЛ Договорена е најголемата размена на заробеници од почетокот на војната

Sase Ivanovski

ЗА ТУФЕГЏИЌ СНИМКАТА СО ЛОПАТАТА ДОКАЖУВА ДЕКА ТАТКОТО НА ВАЊА НЕ Е ПОВРЗАН СО ГРАБНУВАЊЕТО Бранителот на таткото вели дека ќе достави докази и за имотот на Ѓорчевски

Sase Ivanovski

Американски универзитет на Европа – ФОН: Проф. д-р Татијана А. Балоска е избрана за декан на Факултетот за детективи и безбедност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕРДОГАН ВО ТИРАНА: ОД АЛБАНИЈА СВЕТОТ ЌЕ ГО СЛУШНЕ ГЛАСОТ НА МИРОТ

Sase Ivanovski

Христијан Мицкоски: Почеток на Пленарната сесија во Тирана, од Самитот на Европската политичка заедница

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НАТКАСТ со Љупчо Цветановски ЕП 20 гостува Марјан Ѓорчев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Топ Тема – Кочани одново и одново ја преживува трагедијата

Sase Ivanovski

ХАЈКАТА ПРОТИВ ПРАТЕНИЦИТЕ ЗА ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ Е НЕФЕР И НЕ ДРЖИ ВОДА, СО ТОА НИЕ ГРАЃАНИТЕ СО ДАВАМЕ АВТОГОЛ!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Антонио Кошта уверува дека Бугарија нема да бара ништо надвор од договореното во 2022 г.

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 360°: Кошта го убедуваше Мицкоски – нема простор за нови барања од Софија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Ископана Саботажа“, емитувана на 15 мај 2025 година (четврток) на МРТ1 во емисијата „360 степени“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сиљановска Давкова: Проблематично е кога се верува оти пречки може да се надминат со уставни измени

Sase Ivanovski

Тирана интензивно се менува и тоа е она кое говори за имањето визија за себе, а со тоа сегашност и иднина

Sase Ivanovski

МАКЕДОНЕЦ ТРГНАЛ ОД ГЕРМАНИЈА КОН РОДНИОТ ГРАД И ПОЧИНАЛ ВО АВТОБУС Лекарите биле немоќни да го спасат 70-годишниот стружанец

Sase Ivanovski

„ИДЕШ НАВАКА?“ МУ ПИШАЛ ОСМАНИ НА ПАЛЕВСКИ, А ОВОЈ НЕ МУ ОДГОВОРИЛ НИШТО Обвинителството сака да докаже дека Палчо не поправал котел на денот на убиството на Вања

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Заедничка изјава на премиерот Мицкоски со британскиот премиер Стармер од Тирана, Албанија

Sase Ivanovski

ДАЛИ ПУТИН МОЖЕ ТУКУТАКА ДА ЈА ЗАВРШИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА? Еве кои се Z-патриотите и зошто дел од Русија не сака мир

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ТИРАНА СКЛУЧИ ДОГОВОР ЗА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Стармер гледа сериозен партнер во Македонија

Sase Ivanovski

ТРАМП САКА ДА СЕ СРЕТНЕ СО ПУТИН ШТО Е МОЖНО ПОСКОРО Американскиот претседател порача дека е време да се заврши војната во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) САД, УКРАИНА И ТУРЦИЈА СЕДНАА НА МАСА Следни се Русите

Sase Ivanovski

ВАШИНГТОН Е ЗАГРИЖЕН ПОРАДИ ХУМАНИТАРНАТА КРИЗА ВО ГАЗА Загинаа 50 лица во нов израелски напад

Sase Ivanovski

РУСИЈА САКА ДА ГИ ТРГНЕ САД И ТУРЦИЈА ОД РАВЕНКАТА Кремљ бара да преговара само со Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЖЕСТОК СУДИР ПРЕД СУДОТ ВО НОВИ САД Полицијата повторно ги нападна демонстрантите

Sase Ivanovski

ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈА ЌЕ СЕ ОДРЖАТ ВО СЛЕДНАТА ГОДИНА И ПОЛ Вучиќ посочи дека не добил никакво барање од блокадерите

Sase Ivanovski

МИРОТ ВО УКРАИНА ЗАВИСИ ОД ТРАМП И ОД ПУТИН Средба на двајцата лидери е единствена шанса за прекин на огнот, посочи Рубио

Sase Ivanovski

Вистиномер: Не е точно дека Европа не одбележува победа над фашизмот

Sase Ivanovski

Вистиномер: Парада на победата во Москва: Кога Путин говори за правда и праведност

Sase Ivanovski

Калас: Проширувањето и е неопходно и на Европската Унија

Sase Ivanovski

Вистиномер: ЕУ не е фашистичка ако му го одзела имунитет на крајнодесничарскиот европарламентарец Браун

Sase Ivanovski

Левица: Ристески од ДПМНЕ и покрај стан во Кисела Вода е рекордер по патни трошоци

Sase Ivanovski

ПРИЗМА – Нема место за зеленило на парцелите: Сечи си, плати си и гради си

Sase Ivanovski

Вистиномер: Со про-Кремљ дезинформации повторно се обвинуваат ЕУ и НАТО за војната во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Борис Георгиевски во поткастот „Каде се парите“: ГЕРМАНИЈА СО ПОЛИТИЧКИ И ЕКОНОМСКИ ПРЕДИЗВИЦИ

Sase Ivanovski

Вистиномер: Кисела Вода сè уште не ја доби ветената поликлиника

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Со транспарент на кој се испишани имињата на жртви од повеќе несреќи во Македонија, и оставен простор за поминување на луѓе, иницијативата “Кој е следен?” направи герила акција пред седиштето на Обвинителството

Sase Ivanovski

Вистиномер: Тинекс не доделува подарок картичка со 7.000 денари

Sase Ivanovski

Ученички скоро четири години малтретирале соученичка во беровско иако мајката пријавувала во школото

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен: Путин покажа дека не сака мир

Sase Ivanovski

Вистиномер: Доктор Жан Митрев злоупотребен во лажен маркетинг за „маст за зглобови“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Рама клекнат на колена ја дочека италијанската премиерка Џорџа Мелони

Sase Ivanovski

Песков: Неопходна е средба Путин – Трамп за меѓународните прашања

Sase Ivanovski

ССНМ: Оценките на Сиљановска Давкова за работата на новинарите се непримерни

Sase Ivanovski

Претседателот на Уставниот суд, Костадиновски оствари работна средба со италијанскиот амбасадор Палминтери

Sase Ivanovski

Затворски казни за директорите Флорин Бесими и Артан Етеми за пожарот во модуларната болница

Sase Ivanovski

Работилница со светски реномираниот театаролог Патрис Павис на Факултетот за драмски уметности-Скопје

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Нема причина за вознемиреност по хаваријата во Пинтија

Sase Ivanovski

Стојаноски: Инвестициите ќе го зголемат БДП што директно влјиае на подобар стандард на живот за граѓаните

Sase Ivanovski

Приведено лице од Македонска Каменица затоа што управувало возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола

Sase Ivanovski
Вчитувам....