Кошаркарите на Оклахома Сити успеа да израмнат во финалната серија против Индијана пејсерс на 2-2, откако на гостински терен славеа со 111-104. Победата дојде благодарение на одличната игра во последната четвртина, кога го скршија отпорот на домаќините и ја вратија предноста на домашен терен пред следната пресметка. Натпреварот мина во изедначена борба, со постојани промени во водството, но во третиот период Индијана успеа да се одвои и да поведе со двоцифрена разлика. Сепак, токму кога се решаваше натпреварот, Тандер вклучи во поголема брзина, ја доби последната четвртина со 31-17 и стигна до заслужена победа.
Првото име на натпреварот, како и многупати досега оваа сезона, беше Шеј Гилџес-Александер. Актуелниот МВП на лигата блесна со 35 поени, а солидна поддршка имаше и од Вилијамс со 27 поени. Кај Индијана, најрасположен за игра беше Паскал Сиакам со 20 поени, додека Халибартон додаде 18. Следниот натпревар од финалната серија се игра во Оклахома, каде Тандер ќе имаат шанса да поведат во серијата пред можното враќање во Индијана.