Вe-де градоначалникот Венко Крстевски очекува денеска или утре да ги потпише платите за вработените во образованието, градинките и општинската администрација, а меѓу првите одлуки е финансиската помош за семејствата на настраданите во износ од три милиони денари. Алармантна е состојбата во Општина Кочани. Делумно се реализирани проекти, комуналното претпријатие „Водовод“ има долг од три милиони евра, не се знае и дали е валидна оставката на директорот на ова претпријатие.
Крстевски најави војна на оние кои граделе нелегално и со нивните објекти ја загрозуваат безбедноста на граѓаните. Помош ќе побара и од неколку градоначалници, во делот на инспекциската работа, а очекува централната власт да помогне на градот Кочани, во овие тешки времиња.
View this post on Instagram