Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека 2025 година ќе биде првата година на мирот, нагласувајќи дека сега е можно смело да се размислува и да се поставуваат големи цели. Тој посочи дека „либералниот Запад е завршен“ и дека целиот свет е во фаза на трансформација во која секој народ треба да си го најде своето место, пренесе МТИ.
❗️”The Liberal World has Come to an End”
-Hungarian Prime Minister, Orbán Viktor 🇭🇺 pic.twitter.com/jkI186hHH3— Based Hungary 🇭🇺 (@HungaryBased) February 27, 2025
Орбан на отворањето на Центарот за дигитално искуство CODE во Веспрем додаде дека Унгарците отсекогаш сакале мир, слобода и создавање и дека чекале „да ја направат Унгарија повторно голема“. Тој нагласи дека таквите цели може да се постигнат само кога некој ќе ви даде „ветер во грб“, што треба да значи поволен момент за постигнување големи даночни олеснувања кои ќе бидат меѓу најголемите во Европа.