Центарот за управување со кризи информира дека потпорниот ѕид е накосен, а утрото стигнала пријава дека дел од него е срушен.
„За жал една и пол година подоцна не е преземено ништо. Состојбата со ѕидот е уште повеќе влошена. Рано наутро добивме пријава дека дел од ѕидот е урнат, но прашање на ден, можеби и на час кога ќе се сруши останатиот дел од ѕидот, каде се паркираат и возила, а се движат и лица кои што влегуваат во болницата“, рече Анеглов.
Тој апелира до Министерството за здравство, Градот Скопје и општината Центар итно да се зафатат со надминување на опасноста.Во ноември 2022 до ЦУК стигнале пријави од неколку граѓани кои пријавиле дека потпорниот ѕид на улицата што минува веднаш до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, над Клиниката за детски болести е во лоша состојба, истиот е накосен и постои опасност да падне.