Во Ниш почна големиот граѓански и студентски протест „Студентски едикт“ кој ќе трае 18 часа, од 9 часот утрово до 3 часот утре изутрина. На протестот учествуваат илјадници луѓе од сите делови на Србија, а се очекува да бидат блокирани сите главни патишта во овој град. Како што го најавија своето пристигнување и група граѓани и студенти од Нови Пазар, организаторите на протестот им обезбедија ифтар оброци, имајќи предвид дека денеска е првиот ден на Рамазан. Покрај ифтар, како што потврди деканката на Филозофскиот факултет, Наталија Јовановиќ, за муслиманите се обезбедени и женски и машки џамии. Некои улици во Ниш се веќе блокирани, а во текот на денот се очекува да пристигнат уште неколку илјади граѓани од другите делови на соседната земја.
Да потсетиме, низ Србија со месеци траат студентски протести и блокади поради уривање на настрешница на Железничката станица во Нови Сад. Во оваа трагедија загинаа 15 лица, а организаторите на протестите бараат властите во Србија да ги повикаат на одговорност одговорните за реконструираната станица.
View this post on Instagram