Александар Патраклиски, прв човек на текстилната фабрика ЕАМ, во „Бизнис муабети“ на Фактор.мк ја раскажува бизнис приказната на ЕАМ. Бизнисот го стартуваат со неговиот татко во почетоците на 90-тите години. Со само 7 илјади марки. Три децении подоцна ЕАМ фабрика за производство на маици, поло маици, дуксери, има проходи од 6 милиони евра. Годишно извезуваат 1 милион маици. Нивни постојани коминтенти се гиганти како Мерцедес, БМВ, Лидл и многу други.
Штипската текстилна фирма ЕАМ е една од најголемите извозници на финален текстилен производ. Компанијата своевремено сама одгледуваше памук и го преработуваше до трикотажен материјал од кој се шијат маиците како и фарбање, печатење и везење. Како текстилен извозник има огромен придонес за буџетот. Како Илон Маск наиде на соработка со ЕАМ? Каква е состојбата со текстилната индустрија во Штип, и во Македонија? Гледајте бизнис муабети на фактор.мк. со сопственикот на ЕАМ, Александар Патраклиски, петок, 06 јуни 2025. Не заборавајте на youtube каналот бизнис муабети да кликнете лајк и сабскрајб.